Најнови изданија

Исидора Мун ја запознава Забовилата – нова магична приказна од авторката Хариет Мункастер

23.04.2022.
Исидора Мун ја запознава Забовилата – нова магична приказна од авторката Хариет Мункастер

Магична вест за сите фанови на Исидора Мун! Од печат излезе новата книга од серијалот за малата самовила-вампир Исидора Мун од авторката Хариет Мункастер. Станува збор за „Исидора Мун ја запознава Забовилата“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации.

Исидора Мун е посебна, бидејќи е поинаква. Мајка ѝ е самовила, татко ѝ е вампир, таа е по малку од двете, но целосно уникатна. Препознатлива е по нејзините црни и розови фустанчиња со светки, волшебното стапче со ѕвездичка и магичните крилјата, како и по нејзиното најверно пријателче – Розовото Зајаче.

Во „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ на Исидора ѝ се ниша запче! Вампирите ги врамуваат своите први вампирски запчиња, но самовилите ги оставаат под перница за забовилата. Исидора не може да одлучи што ќе прави со своето запче, до моментот кога една вечер запознава волшебна глувчица по име Миличка.

Со помош на Миличка, Исидора ќе создаде нова традиција. Традиција што ќе биде целосно уникатна, исто како неа!

Ова е 13-та книга од овој серијал објавен на македонски јазик. Досега се објавени: „Исидора Мун слави роденден“, „Исидора Мун оди на училиште“, „Исидора Мун оди на балет“, „Исидора Мун оди на кампување“, „Исидора Мун прави зимска магија“, „Исидора Мун запаѓа во неволја“, „Исидора Мун оди на панаѓур“, „Исидора Мун оди на екскурзија“, „Исидора Мун настапува на шоу“, „Исидора Мун оди на одмор“, „Исидора Мун оди на преспивање“ и „Исидора Мун оди на свадба“.

Во секое издание таа минува низ нова авантура, нов предизвик и учи нова лекција. Исидора е специјална затоа што е поинаква, но таа се гордее со тоа. Сепак, со родители како нејзините, секојдневието не се движи секогаш според планот.

Сите книги за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на www.literatura.mk на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=191&displayName=

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.43 MB