По повод промоцијата, со секој купен примерок на новиот роман „Уништување“, ќе следува попуст од 30 отсто на претходните две книги од Moџо Килингтон: стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ и романот „Денот кога не се разбудив“. Промотивната акција, која ќе се одвива во сите книжарници на „Литература.мк“, ќе почне на денот на промоцијата, втори декември (четврток), и ќе трае до петти декември (недела).
Новата книга на Божидар Божиновски, познат како Moџо Килингтон, „Уништување“, ќе биде промовирана на втори декември, со почеток во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“. Романот, кој е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Во еден здив“. Станува збор за трета книга на Моџо Килингтон, по стихозбирката „Аутопсија на љубовта“ (2019) и романот „Денот кога не се разбудив“ (2020), двата во издание на „Арс Ламина“.
Романот „Уништување“ веќе е достапен во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.