Акции

Black Friday во книжарниците Литература.мк: цела недела попусти до 50 отсто

22.11.2021.
Black Friday во книжарниците Литература.мк: цела недела попусти до 50 отсто

Во рамките на најголемиот шопинг-настан Black Friday („Блек фрајдеј“), во книжарниците „Литература.мк“ ќе има попусти до 50 отсто на книги од издавачката куќа „Арс Ламина“, како и на други производи од повеќе реномирани брендови. Продажната акција ќе трае цела недела, почнувајќи од 22 ноември (понеделник), па сѐ до 28 ноември (недела). Попустите важат и за онлајн-нарачките на книгите, преку интернет-страницата www.literatura.mk.

На листата со попусти се многубројни бестселери, современи класици и книги за деца и млади од „Арс Ламина“, како и играчки, училишни материјали, ранци, куфери и друго од брендовите: Christakopoulos, Cerda, Cogo, Ferrari, BG Berlin и Zvezda. Каталогот со попустите во „Литература.мк“ можете да го погледнете на следниот линк.

arslamina.com/BLACK_FRIDAY_FINAL_WEB.pdf

На 50 отсто попуст се книгите од трилогијата на најдобро продаваната авторка на „Вол Стрит џурнал“, Кери Лонсдејл: „Сè што чуваме“, „Сè што оставаме“ и „Сè што даваме“, како и книгите на авторката на серијалот за Бриџит Џонс, Хелен Фидинг: „Дневникот на Бриџит Џонс“, „На работ на разумот“, „Луда по него“ и „Бебето на Бриџит Џонс“.

Љубителите на современи класици со 50 отсто попуст ќе можат да си ги набават делата од Габриел Гарсија Маркес: „На полковникот нема кој да му пишува“, „Генералот во својот лавиринт“, „Морето на изгубеното време“, „Виор од лисје“, „Есента на патријархот“, „Љубов во време на колера“ и „Хроника на една најавена смрт“, книгите од Пол Остер „Невидливо“ и „Музика на случајноста“, како и насловите од Тери Прачет: „Чудесната светлина“, „Еднакви ритуали“, „Морт“ и „Бојата на магијата“.

На половина цена се и бестселерите за млади од Џенифер Л. Арментраут: „Те чекам“, „Биди со мене“, трите наслови од Викторија Авејард: „Црвена кралица“, „Стаклен меч“ и „Кралски кафез“, како и трилогијата на Лорен Оливер: „Делириум“, „Пандемониум“ и „Реквием“.

Книгите од една од најбараните домашни авторки за млади, Јана Мишо, исто така се дел од акцијата. Со 50 отсто попуст можат да се набават: „Јас сум Миа“, „Миа во Амстердам“ и „Јас сум Миа: Дневник за девојчиња“. Готвачите на младиот виртуоз во кујната, Давор Панчевски: „Најдоброто од македонската кујна“ и „Гответе насмеани“ исто така се на специјален попуст од 50 отсто.

Од книгите за деца, овој „Блек фрајдеј“ на 50 отсто попуст можат да се набават првите пет дела од серијалот „Загадочни приказни“ од Урош Петровиќ, како и книгите од серијалот „Мачки детективи“ од Алесандро Гати: „Чудниот случај на исчезнатите колбаси“, „Голем напад на париската банка“, „Кој го украде златниот мачор?“, „Кој го грабна кралот на шпоретите?“, „Крадец... отмен мачор“, „Кој го намести Жан Мусташ?“ На оваа листа се и изданијата од серијалот „Замокот на стравот“ од Алесандро Гати, „Раката на Тулук“ од Гвидо Згардоли, „Опасна игра“ од Ана Виварели и „Оро на ужасот“.

Од изданијата со 30 отсто попуст во оваа акција ги издвојуваме трите книги од легендата на популарната екс-ју група „Забрането пушење“ и на култната ТВ-серија „Топ-листа на надреалистите“, д-р Неле Карајлиќ: „Фајронт во Сараево“, „Солунска 28: За парите и за страстите“ (прв дел) и „Солунска 28: за пријателството и за предавството“ (втор дел). На 30 отсто попуст се и новите книги од светски прочуениот словенечки филозоф, психоаналитичар, автор и коментатор на современите случувања, Славој Жижек: „Пандемија! Ковид-19 го тресе светот!“ (прв дел) и „Пандемија! Хроника за едно изгубено време“ (втор дел). Од бестселерите, со попуст од 30 отсто, меѓу другите, се двата романа од еден од најпознатите автори на трилери, Харлан Кобен: „Момчето од шумата“ и „Бегај“.

Во акцијата се вклучени и производи од познати: кадифени играчки од Christakopoulos (50%), брендирани модели со омилените стрип јунаци од Cerda (50%), едукативни коцки од Cogo (40%), ранци со модерен дизајн од Ferrari (30%), куфери од брендот BG Berlin (30%) и макети со авиони, бродови и воени возила од Zvezda (20%).

Попустите важат во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, во книжарниците „Литература.мк“ на улицата „Македонија“, во ТЦ „Рамстор“, „Веро центар“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје и на „Широк сокак“ во Битола, како и за онлајн-нарачките преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.83 MB