Со попусти до 50 отсто на дел од изданијата на „Арс Ламина“, книжарницата Literatura.mk Superstore ќе го одбележи роденденскиот викенд на „Скопје сити мол“. Акцијата по повод девет години од отворањето на „Сити мол“ ќе трае од први до трети октомври. Во најголемата книжарница во Македонија, која е сместена на вториот кат на трговскиот центар, на попуст можат да се најдат дел од најбараните бестселери за возрасни и за деца.
Од книгите вклучени во оваа акција ги издвојуваме: „Екстремно гласно неверојатно блиску“, „Во кралството на мразот“, „Главниот куклар“, „Таа ноќ ја видов“, „Од длабочината на заборавот“, „Претседателот исчезна“, „Невидливо“, „Хузур“, „Алчност“, „Американски брак“ и „Сребрениот куфер“.
Со специјални попусти се и книгите за деца: „24 часа во Еднорозија“, „Сакам дома!“, „Ловец на глуварчиња“, „Тато, имаме приказна“, „Деца цветови“ 1 и 2, „Кога светот беше млад“, „Црвеното столче“, „Шарено марено“ и други.