Акции

Назад во училиште со попусти до 50 отсто и подароци во Литература.мк

20.08.2021.
Назад во училиште со попусти до 50 отсто и подароци во Литература.мк

Сѐ со цел среќно и успешно враќање назад во училиште, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 50 отсто на училишните материјали, како и подароци за купени одредени производи од богатата понуда. Во акцијата, која ќе трае од 20 август до 20 септември 2021 година, со секој купен ранец од брендот POLO следува подарок паричник. Со секоја сметка во која има производ од Giotto или производ од образовниот дел, купувачите ќе добијат подарок сликовница од серијалот за пчеличката Маја (за децата до седум години), односно роман за деца (за ученици над седум години).

Во книжарниците на „Литература.мк“ може да се најде сѐ што е потребно за новата учебна година, од гуми до глобуси: ранци, тетратки, школски прибор, едукативни помагала, дидактички прибор, креативни изработки, забавно-едукативни изданија, книги со активности, книги за почетно пишување, сликовници, читанки и лесно читливи лектири. На листата се и збирки задачи по математика, физика, вежбанки за општество, природни науки, македонски јазик и музичко, за основните и за средните училишта.

Со 50 отсто попуст се модерно дизајнираните ранци POLO, во повеќе димензии, како и торбичките за ужинка. На попуст се и ранците од брeндот Cerdá, каде што можат да се најдат модели со омилените јунаци од стриповите, цртаните и филмовите: Замрзнатото царство, Спајдермен, Слончето Дамбо, LOL, Војна на ѕвездите, Сунѓер Боб и други. За сите средношколци, студенти и личности кои практикуваат да носат стилски и практични ранци на работа, во нашите книжарници се застапени и најновите модели од познатиот бренд Herschel.

За младите љубители на географијата и тие што сакаат да го запознаат и да го прошетаат светот, имаме одлична понуда на глобуси од Tecnodidattica. Глобусите наменети за повеќе возрасти, со попуст се со цена од 760 денари, па нагоре, во зависност од големината и моделот.

Учебната година не може да почне без соодветно избрани училишни материјали. Со попусти до 20 отсто се дизајнираните тетратки со тврд повез од „Скрипти“. Училишниот прибор може да биде комплетиран со специјалната понуда од познатата марка Giotto: дрвени и водени боички, фломастери, острилки, гуми, лепила, како и програмата со комплети за предучилишна возраст: сте за боење и сечење, сет со пластелин за правење „пица“ и „сладолед“ и дрвени боички.

Сѐ што им е потребно на учениците од 1 до 3 одделение, односно од 4 до 6 одделение, се содржи во специјално подготвените училишни комплети, што се на 20 отсто попуст.

Во училишната понуда на „Литература.мк“ се: едукативни помагала за подготовка за училиште: вежбанка и тетратка за почетно пишување, прирачник „Светот околу мене“ и математика за предучилишна возраст; придружни дидактички помагала: бројни картички, домино-картички, фигури и простор, картички со стрелки, периоден систем, азбука, дропки, децимални броеви и други математички задачи, како и геометриско блокче; креативни и едукативни изданија: серијалот „Папки со активности“ со „Сечи-лепи 1 и 2“, „Оригами“ и „Шарени страници“, каде што ќе пронајдете листови со делови за сечење и лепење, со кои вашето дете ќе може да создаде различни форми.

Илустрираните книги наменети за идните првачиња: „Другарска азбука“ од Снежана Петрова-Џамбазова – сликовница што ќе ве упати во светот на буквите, на пишувањето, на запознавањето со кирилското писмо, како и „Игра со именки“ и „Игра со глаголи“ од Оливија Георгиевска – во која преку стихови се запознаваме со улогата на именките и глаголите.

Новата едиција со интерактивни пиши-бриши вежбанки со маркер: „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“. Серијалот „Одгатни ме!“ со повеќе интерактивни изданија за деца над седум и над десет години: логички загатки, крстозбори, лавиринти, судоку и нешто плус, математички игри и лудории.

Ги издвојуваме и новите, мошне барани изданија за деца ова лето: четирите психолошки прирачници од Христина Стефановска: „Кога Мешко се лути“, „Кога Ушко се плаши“, „Кога Сончка е среќна“ и „Кога Летко е тажен“.

Тука се и книгите со активности, лавиринти и судоку од серијалот „Дина и Додо“, како и серијалот сликовници „Матеј и Луна“ кај кои, покрај приказните, има можност за решавање многу загатки со цртање, боење, пишување, броење и сметање.

За предучилишна и раноучилишна возраст соодветни се книгите од серијалот „Учиме со Софија“ со кои се совладува азбуката, почетното пишување, се учат нотите и јазиците: англиски, германски и француски.

Значајно место заземаат и неопходните едукативни изданија за основно образование: вежбанки за Општество 1, 2, 3, збирките по математика од 1 до 6 одделение, прирачници и вежбанки за Природни науки, Работа со компјутери и основи на програмирањето, збирка задачи по математика со тестови од 7-9 одделение, вежбанка за македонски јазик (6-7 одд.), Музичка работилница, збирки прашања и задачи по физика и биологија. На располагање се и изданија за средните училишта: Збирка математика за 1-3 година средно, Органска хемија, практикум по македонски јазик, физика, хемија, солфеж и Лексикон по физика.

Особено голема е понудата на едукативните постери, но и на новите модерни изданија од едицијата „Лесно читливи лектири“, кои се со изработени со фонт за дислексија. На листата се над 70 лектири и читанки, на македонски и на албански јазик.

Во продолжение разгледајте го каталогот со целата понуда од акцијата „Назад во училиште“ во „Литература.мк“:

КАТАЛОГ - НАЗАД ВО УЧИЛИШТЕ

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.49 MB