
Во стилот на холивудските забави, филмскиот гламур, како и сите симболи на ретро-забавите, по повеќе од една година, трговскиот центар „Скопје сити мол“, на втори јули (петок), го организира традиционалниот Late Night Shopping. Во рамките на оваа шопинг-акција најголемата книжарница во Македонија, Literatura.mk Superstore, ќе понуди попусти од 30 и од 50 отсто на дел од најбараните книги во издание на „Арс Ламина – публикации“, што ќе важат и во следните два дена, на трети и на четврти јули. Продажниот простор на „Литература.мк“, кој е сместен на вториот кат во „Скопје сити мол“, во петок ќе може да се посети до полноќ.

Дел до насловите што ќе можат да се најдат со 30 отсто попуст се хит-книгите: „Сè е за*бано“ и „Е, баш ме заболе“ од Марк Менсон, „ЗЕН – Уметноста на едноставното живеење“, „Малата книга за хиге“, „Упатство за употреба на креативниот ум“ и „Дигитално злато“, како и книгите со поезија: „Млеко и мед“, „Сакај ја диво“ и „Аутопсија на љубовта“. На 30 отсто попуст ќе бидат и романите „Дејзи Џонс енд Д сикс“, „Мајки-блогерки“, „Американски брак“, „Што и да те прави среќен“, „Приказна за едно семејство“, „Сопруга на хартија“, „Сребрениот куфер“, „До последна нота“, „Анонимна девојка“, „Разделба“, „Еднаш засекогаш“, „Претседателот исчезна“, „Минхен“ и „Курвински хроники“.
Со специјален попуст од 50 отсто попуст ќе бидат изданијата: „Најкратките раскази на светот“, „Нашиот хаос: семеен планер“, „Книга за телото“ од Камерон Дијаз и Сандра Барк и романот од македонскиот автор Даниел Бибовски, „Архангел: Ослободување на ѕверот“.
