Конечно распуст! :) Време е за одмор, игра и забава, но и за добра книга. Летото е идеално за патувања, дружби и учење на нови нешта. А книгите се идеален сопатник, пријател и прозорец кон нови сознанија. Секој момент поминат со книга е среќен и убаво исполнет.
Сѐ со цел да ги направи подостапни книгите за деца на почетокот на летниот распуст, „Литература.мк“ нуди специјални попуст од десет отсто на сите лектири и читанки на македонски на албански јазик од едицијата „Лесно читливи лектири“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Со оваа акција, која ќе трае од 9 до 20 јуни, ја продолжуваме нашата мисија за поттикнување на читачките навики кај најмладите.
Станува збор за модерно дизајнирани и лесно читливи, уредени со помош на специјален фонт за полесно читање за деца во фаза на описменување, како и за лица со дислексија, одобрени од Здружението за дислексија „Ајнштајн“ и Филозофскиот факултет во Скопје.
Љубовта кон книгите се развива од најмлада возраст. Дете кое чита еден ден ќе биде возрасен кој размислува. Читањето книги има многу придобивки за децата во развој. Читањето на лектирите, пак, ја зацврстува врската меѓу децата и литературата, помага во сознавање на својот внатрешен и надворешен свет. Издвојуваме пет клучни едукативни сегменти на читањето лектири.
1: Запознавањето со литературните стандарди преку лектирите е наједноставно!
Лектирите поттикнуваат богата дискусија, работа со зборови во текст и пишување преку писмени одговори и рефлексија на учениците. Кога се обработуваат лектири, доволна е една страница или едно поглавје за да се изврши анализата на карактерите, околината во која се случуваат дејствата, проблемот на карактерите и да се вметне амбиентот преку слики и фигуративен јазик. Покрај тоа, тие книжевни компоненти се испреплетуваат низ целата приказна што овозможува одново и одново да се обработуваат тие литературни стандарди и идеи со цел сите ученици да ги разберат. Значи, наместо да се учат литературните стандардите сувопарно и напамет, лектирите даваат можност за нивно автентично и темелно изучување.
2: Жанровите лесно се воведуваат преку лектири!
Преку обработка на различни лектири се изучува поезија, фантазија, реална фантастика, историска фантастика, научна фантастика, мистерии, автобиографии. На овој начин учениците формираат свои мислења за лектирите што ги читаат и откриваат кои жанрови ќе бидат нивен личен избор. Учениците треба да го кажат својот збор за литературата, поточно: Што најмногу сакаат да читаат? Кои книги ќе бидат нивен личен избор во библиотеката или училницата? Кои жанрови ги прават навистина возбудени што продолжуваат да читаат?
3: Лектирите даваат чувство на остварување!
Да се прочита едена лектира од почеток до крај е неверојатно чувство. Постои чувство за достигнување што го доживуваат читателите откако ќе поминат одредено време снаоѓајќи се во текст. Кога учениците ќе сфатат дека поседуваат способност да се фокусираат и да се вклучат во текстот од првата до последната страница, тоа чувство на компетентност поттикнува повторување на процесот. Учениците едвај чекаат да ја пронајдат следната најдобра книга! Целта на секој наставник е да создаде ученици што доживотно ќе читаат. Со успешно завршување на секоја лектира, учениците навистина чувствуваат желба да читаат повеќе.
4: Читањето лектири се искуства што се споделуваат!
Читањето ни дава информации. Можеме да избереме да ги чуваме тие информации за себе или да ги споделуваме со други. Ликовите и нивните искуства нè снабдуваат со ново разбирање и перспектива на светот околу нас, а со тоа и теми на кои можеме да разговараме со другите. Споделувањето препорака книга на пријател или родител што ја прочитале на час, развива дискусија за она што се случило во книгата, за своето видување на дејствата и ликовите во книгата. На тој начин се продлабочуваат размислувањата, перспективите за одредени ситуации и во секојдневниот живот.
5: Лектирите овозможуваат подобро разбирање на човечката состојба.
Некои деца сметаат дека се центар на универзумот. Важно е да се споделат приказни што овие „самобендисани“ ученици, ќе ги препознаат како вистинити за животот на оние вистински луѓе околу нив. Во лектирите постојат заплет и тема што се лесно сфатливи за учениците, со цел да им помогнат да развиваат емпатија и разбирање за другите.
- Лектирите се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на интернет-страница www.literatura.mk, со достава до вашиот дом. Покрај изданијата на македонски, има лектири и на албански, како и книги на англиски јазик.