Ново

„Арс Ламина“ ќе реобјави десет тома со 12 книги за возрасни од Оливера Николова

19.08.2022.
„Арс Ламина“ ќе реобјави десет тома со 12 книги за возрасни од Оливера Николова
„Арс Ламина“ ќе реобјави десет тома со 12 книги за возрасни од Оливера Николова

На денешен ден (11 март), во 1936 година во Скопје е родена една од најплодните, најнаградувани и најзначајни македонски писателки, Оливера Николова. Во чест на нејзиниот 86-ти роденден, со особено задоволство најавуваме дека издавачката куќа „Арс Ламина“, под својот импринт „Арс Либрис“, наскоро ќе го реобјави целокупното творештво за возрасни од Николова. Книгите, кои се дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, се во ново руво и со нови поговори од значајни македонски професори, книжевници и писатели. Уредник на изданието е Оливера Ќорвезироска.

Станува збор за 12 наслови, спакувани во 10 тома: „Куклите на Росица“ (со поговор од Елизабета Баковска), „Тесна врата“ (поговор Кица Колбе), „Куќичка“ (поговор Румена Бужаровска), „Тромбот“ (поговор Владимир Мартиновски), „Адамовото ребро“ (поговор Калина Малеска), „Збогум Вано, Ванке…“ (поговор Јелена Лужина), „Пешаци по црни полиња“ (поговор Гоце Смилевски), „Белиот чад“ (поговор Никола Гелевски), како и „Вежби за Ибн Пајко“ (поговор Катица Ќулавкова) во исто издание со „Песот со тажен поглед“ (поговор Давор Стојановски) и „Лева комора“ (поговор Владимир Јанковски ) во исто издание со „Кадифената покривка“ (поговор Оливера Ќорвезироска). Овие дела, кои се и своевиден подарок за идните поколенија, ќе бидат претставени пред јавноста на свечен промотивен настан, чиишто детали ќе ги објавиме наскоро.

На Оливера Николова ѝ посакуваме желби за добро здравје, свежа мисла и инспирација за нови дела.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Jul.
Ново
Интернационалниот бестселер што открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè, „Квантна надмоќ“ од д-р Мичио Каку излезе ...
01.
Jul.
Ново
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
01.
Jul.
Ново
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат...
01.
Jul.
Ново
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во изд...
01.
Jul.
Ново
Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден.
15.
Apr.
Ново
Станува збор за книжевно-ликовна приказна на кирилско и на Брајово писмо, за она што се гледа и за она што не може да се види. Метафорични очи во кои живеат ...
06.
Mar.
Ново
„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од п...
05.
Mar.
Ново
Од креаторот на „Валјутејнмент“ (Valuetainment), број 1 канал на „Јутјуб“ за претприемачи и „еден од највозбудливите мислители&...
02.
Feb.
Ново
Книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музич...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.4 MB