Ново

„Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ е емоционален водич низ дискографијата на Ѓорѓе Балашевиќ

30.03.2025.
„Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ е емоционален водич низ дискографијата на Ѓорѓе Балашевиќ
„Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ е емоционален водич низ дискографијата на Ѓорѓе Балашевиќ

Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во оваа нетипична интимна и професионална биографија е застапена колекција од ексклузивни и некои досега необјавени фотографии од Ѓорѓе Балашевиќ.

Книгата ќе биде промовирана на 4 април (петок) во 20 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој е во организација на „Литература.мк“. Промоторка на македонското издание на книгата ќе биде уредничката Бисера Бендевска. Во продолжение ќе се одржи музички настап со песни од Ѓорѓе Балашевиќ, во изведба на бендот Rumble Acoustic во состав: Трајче Стојанов и Александар Јовановски.

„Панонскиот адмирал“ е книга за кариерата на еден голем поет и за падот на една голема држава. Ова е професионална биографија на Ѓорѓе Балашевиќ и збирка од лични и колективни сеќавања. Балашевиќ беше сјаен хроничар и мудар толкувач на нашето време. Во текот на деведесеттите години на 20 век стана симбол на отпорот кон длабоката балканска провинцијализација и на војната. Се спротивставуваше на силата на глупоста и на глупоста на силата. Сепак, пред сè, ќе го паметиме како поет на интимата и на човековите чувства, како поет на љубовта. Веќе неколку генерации ги носат неговите песни под кожата. Стави потпис на обемна дискографија без слаб албум, што е реткост и во интернационални размери. „Панонскиот адмирал“ е поклонување пред неговата уметност и неговиот цивилизациски ангажман.

Иван Ивачковиќ e познат српски автор, кој пишува за музика речиси четириесет години. Роден е во 1964 година, во Зрењанин, Србија. Актуелен е со музичката биографија на Ѓорѓе Балашевиќ – „Панонскиот адмирал“.

Како новинар и критичар, потпишал повеќе од две илјади написи во најзначајните весници во СФРЈ, СРЈ, СК и Србија. Покрај „Панонскиот адмирал“, има објавено шест нефикциски книги: „Како пропеавме“, „Уметноста на бунтот“, „Писма од тајниот град“, „Помеѓу крајностите“, „Двете страни на перницата“ и „Исповедите на поп-пејачката“. Автор е и на романот „Безверност“ и на стихозбирката „Црвена карта“. За книгата „Како пропеавме“ ја има добиено наградата „Десимир Тошиќ“, највисоката награда за литература во Србија.

Поврзани производи

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Mar.
Ново
За сите кои сакаат да се хранат здраво или постат, излезе од печат уникатниот посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски.
24.
Feb.
Ново
Пет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
24.
Feb.
Ново
Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт „Либи“, ѝ го носи на македонската читателска публика класикот за деца „Мили...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.54 MB