Ново

Отворен конкурсот за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

25.03.2025.
Отворен конкурсот за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади
Отворен конкурсот за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади

Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година. Наградата, која е востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, со поддршка на семејството на Николова, ќе се доделува секоја година, а право на учество имаат сите полнолетни лица кои ќе пратат необјавен ракопис – роман за деца и млади, напишан на македонски јазик и со кирилско писмо. Задолжително се доделува само на еден ракопис – роман за деца и млади од пристигнатите ракописи на конкурсот. На изборот можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за деца и млади, во должина од 2 до 5 авторски табаци (од 32 до 80 страници), што ќе ги достават самите автори по електронска пошта на е-адресата konkurs@arslamina.com, како Word или PDF-документ со назнака: за конкурсот „Оливера Николова“.

Конкурсот не е анонимен, учесниците треба да ги праќаат ракописите од активна електронска адреса. Во пораката треба да бидат напишани името и презимето на авторот на ракописот, по можност и телефонски број за контакт.

Во жири-комисијата за наградата „Оливера Николова“ за 2025 година се:  Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Весна Мојсова-Чепишевска (универзитетска професорка) и Јагода Михајловска-Георгиева (писателка). Одлуката за првиот добитник ќе биде објавена во септември 2025. На посебен свечен настан во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе биде врачено признанието.

Наградата е откупна и се состои од паричен износ од 60.000 денари, статуетка и објавување на романот во посебна едиција на издавачката куќа „Арс Ламина“.

Наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади е востановена на 11 март 2025, на денот на раѓањето на Оливера Николова, прв без нејзиното физичко присуство меѓу нас. Николова почина на 3 ноември 2024 година. Мисијата на наградата е двојна: да се одржи континуитет на големото авторско име на Оливера Николова со симболично творечко надоврзување на нејзината бележита трага во современата македонска книжевност, како и да се ревитализира еден од жанровите во кои Николова создаваше – романот за деца и млади, кој, за жал, подолг период е притеснет помеѓу асиметричниот развој на другите жанрови (сликовниците од една страна и романите за возрасни – од друга).

 Романот за деца и млади е мошне значаен во целокупниот процес на созревањето на личноста, во текот на образованието, а и пошироко, во емоционалниот и етичкиот развој на индивидуата, така што се очекува наградата „Оливера Николова“ да го ревитализира жанрот, збогатувајќи ја современата книжевност со нови дела.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.81 MB