Ново

Книжевно сокаче - Препорака за книги од продажната акција „Денови на литературата“

21.02.2025.
Книжевно сокаче -  Препорака за книги од продажната акција „Денови на литературата“
Книжевно сокаче -  Препорака за книги од продажната акција „Денови на литературата“

Остануваат само неколку дена до крајот на продажната акција „Денови на литературата“, која трае до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на www.literatura.mk. Ова е одлична можност за љубителите на литературата да ја збогатат својата домашна библиотека со некои од најинтересните наслови, а со тоа и да уживаат во специјалните попусти. Во рамките на оваа акција, нашата соработничка Јована Матевска-Атанасова, авторка на рубриката „Книжевно сокаче“, избра три книги кои лично ги препорачува на читателите. Откријте што избра Јована и кој наслов може да биде вашата следна книжевна придружба.


1. „Есен во Венеција“ од Андреа ди Робилант

                                     

Нобеловецот Ернест Хемингвеј имал комплексен љубовен живот спротивно на неговиот, навидум, минималистички книжевен стил што под површината како глечер крие длабоки метафори. На повидок на долгогодишната суша во неговата писателска кариера, Хемингвеј ужива во славата и турнеите низ Европа заедно со четвртата сопруга Мери. Тогаш се сретнува со младата Адријана Иванчич, која и самата била поетеса. Иако помеѓу двајцата се простираат два непремостливи предизвици: разликата од 30 години и неговиот венчален статус, сепак помеѓу нив се развива бурна романтична врска. Адријана дури и ја илустрирала насловната страница за неговиот најпознат роман „Старецот и морето“ и се зборува дека ликот на Рената е калапен според нејзиниот карактер и личност. Ова е биографска приказна за ексцентричниот Хемингвеј и како инспирацијата го наоѓа патот до мислата на писателот дури и кога таа доаѓа во форма на грев каков што е прељубата. Италијанскиот новинар Андреа ди Робилант ја искористил својата професија за што поверодостојно да ги претстави настаните кои се случувале зад затворени врати и, како и Хемингвеј, инспирацијата ја пронашол во живописната Венеција, тешка од историја. Сите негови книги се романизирани биографии со истражувачки метод и се случуваат во градот на вода.

 Ја препорачувам за читателите што обожаваат романи базирани на вистински случувања и ликови, што го поттргнуваат пердето на интимата и даваат увид во ќоше од историјата.

Цена со попуст: 220

 

2. „Семејни тајни“ од Лијан Моријарти

                                       

Лијан Моријарти вешто ги имплементира елементите на семејна мистерија во своите романи. Токму и овде, сагата за успешното тенисерско семејство Делејни е роман на перспективи и релации.

Бидејќи јаболката преовладуваат во оригиналниот наслов, не само поради гравитацијата да се остане воспитан, примерен, културен и хармоничен во рамките на повеќедетно семејство, туку затоа што јаболката паѓаат секогаш под своето дрво. Мајката Џој исчезнува и како што се одмотуваат доказите, прстите покажуваат кон таткото Стен. Децата како средиште на секое несогласување или расправија, оној невин слој за амортизација на брачните колизии, се поделени во мислењата дали нивниот татко е невин. На распламтениот оган од клевети се долева повеќе масло штом се разоткрие и улогата на мистериозната девојка Савана, како и тоа дека ни полицијата не може да ја лоцира. Во каква лага растеле децата Делејни и како испарува имиџот на совршено семејство штом тајните една по друга ќе го разјадат семејното јадро?

Ја препорачувам на љубителите на драма и трилер, со превалентност кон семејните односи, љубовта и простувањето.

Цена со попуст: 410

 

3. „Фурија“ од Алекс Мајклидис

                                      

Алекс Мајклидис се враќа со уште еден трилер, но толку различен и поинаков од сѐ што сте прочитале. Елиот Пејџ е долгогодишен пријател на познатата ѕвезда во пензија Лана Фарара. Тој ја мрази нејзината пријателка Кејт и сопругот на Лана, Џејсон, за кого смета дека е материјалист и ја оженил само поради парите. Но, овие емоции се обострани, и се чини дека Елиот, кој носи губитничка етикета, на сите им е исто така антипатичен. Во воведот Елиот го повикува читателот како сведок, публика или порота и почнува со хронологијата на случувањата за едно убиство (кое можеби и не е тоа),  па така го враќа на приватниот остров Аура, во близина на Миконос, за велигденските празници. Авторот го искушува читателот и неговиот морален суд, дали ќе претпостави кој е подметот и прирокот во таа огромна реченица составена од страст, омраза и ветрови на одмаздата.

Ја препорачувам за љубителите на психолошки трилер, кои сакаат да избегаат од вообичаениот формат на бруталност и крвoпролевање и претпразнично да прошетаат помеѓу маслиновите расади, мирисот на море и песок кај нашиот јужен сосед.

Цена со попуст: 380

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Feb.
Ново
Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, излезе од печат во издание на &...
24.
Jan.
Ново
Дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Лами...
21.
Jan.
Ново
Најголемата онлајн-книжарница, www.literatura.mk, е номинирана во шест категории на изборот за најдобрите во македонската е-трговија, Ecommerce Awards за 202...
20.
Jan.
Ново
Седум книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
15.
Jan.
Ново
D1 Milano е бренд кој совршено ја комбинира елеганцијата и модерниот дизајн, создавајќи часовници кои се повеќе од обичен аксесоар. Со разновидни модели кои ...
14.
Jan.
Ново
Новата едукативна сликовница „Колку е часот?“ со текст и илустрации од Тодор Трајковски е весел помошник на децата при учењето да го читаат време...
27.
Dec.
Ново
Безвременскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес е инспирација за новата истоимена...
26.
Dec.
Ново
Во чест на Кафка, издавачката куќа „Арс Ламина“ под импринтот за детска литература „Либи“, ја реализира сликовницата „Девојчето...
19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
17.
Dec.
Ново
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати и...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB