Ново

„Се викам храброст“ – ново енциклопедиско издание посветено на 50 исклучителни жени од нашата земја

07.02.2025.
„Се викам храброст“ – ново енциклопедиско издание посветено на 50 исклучителни жени од нашата земја
„Се викам храброст“ – ново енциклопедиско издание посветено на 50 исклучителни жени од нашата земја

Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Книгата ќе биде промовирана на 11 февруари (вторник), со почеток во 18 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“. На настанот ќе присуствуваат дел од жените застапени во делата, како и претставници од семејствата на хероините што веќе не се меѓу нас.

Кон делото ќе се осврнат и уредничката Надица Фирфова, графичката дизајнерка Анета Илиевска и  книжевникот и публицист Иван Антоновски.

„Се викам храброст“ е дело посветено на 50 исклучителни жени од нашето минато и од нашата сегашност. Од Сирма Војвода до Вера Ацева и Илина Арсова, ова дело зборува за жени кои со својот дух, упорност и истрајност успеале да се афирмираат како силни женски личности кои ќе го посветат животот или, пак, ќе го дадат својот живот за повисоки цели и за исполнување на нивните сништа.

Книгата „Се викам храброст“ е наменета за помладата читателска публика и за сите оние што бараат инспирација. Идејата за создавање вакво дело е токму тоа - да им се даде насока и мотивација на младите девојчина да го пронајдат својот животен пат низ примери што ќе ги инспирираат. Сите личности застапени во оваа книга се избрани мошне внимателно за да послужат како поттик на младите читатели во пронаоѓање на целта на сопствениот живот. Низ овие инспиративни приказни во кои преовладуваат ентузијазам и храброст, да се охрабрат и да согледаат дека трудољубивоста и пожртвуваноста за постигнување одредена цел носи огромно задоволство и високо чувство на самопочит. Иако низ македонската историја има уште многу женски имиња кои нè задолжиле со своите лик и дело, нашиот избор на овие педесет женски ликови е со цел да се опфатат личности од различни периоди од нашата историја и современост и од различни области: историја и народноослободителната војна, политика, култура, наука, медицина, необични професии за жена, спорт итн. Пораката на ова издание е да бидеме љубопитни, храбри, вредни и да си поставуваме високи предизвици, а потоа напорно да работиме за да ги постигнеме. И никогаш, никогаш, да не престанеме да сонуваме - исто како и хероините на „Се викам храброст“.


Книгата веќе е достапна во книжарниците „Литература.мк“, а за поголема количина може да се нарача преку sales@arslamina.com.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
790 МКД
12,78 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.58 MB