Ново

„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман за сино-зелените алги кои ги има на Марс, но и во Дојранското Езеро

24.01.2025.
„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман за сино-зелените алги кои ги има на Марс, но и во Дојранското Езеро
„Неочекувано“ од Ана Мовска е роман за сино-зелените алги кои ги има на Марс, но и во Дојранското Езеро

Дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е дел од едицијата „Пегаз“.

Во романот е непретенциозно вплетен научен дискурс за двојната природа на сино-зелените алги кои ги има и на Марс, но и во Дојранското Езеро. Во различни хемиски процеси тие имаат различно дејство. Можат да бидат лековити, но и смртоносни. А, пак, таму каде што ги има, има основа да се развие живот...

Оваа кратка проза зборува и за заедништвото и за здружувањето заради постигнување повисока цел, а срамежливо ја споменува и возбудата од првиот писателски обид.  

„Кога настанал зборот неочекувано? Апстрактните поими сигурно датираат од поскоро време. Англискиот збор ’неочекувано‘ настанал во 1580 година. Значи, претходно дури и не можеле да ја искажат изненаденоста од неочекуваните нешта. Само се случувале и само ги прифаќале. И до 16 век, никој не смислил збор како да им го објасни тоа на другите. Неочекуваноста претставува мало чудо, од оние необичните настани што ги опишал Литлвуд. Неочекуваноста е моментот во кој сите се раздвижуваме, го поставуваме прашањето за целта на животот и потребата да се промениме.“

Ана Мовска е псевдоним на Билјана Герасимовска (Скопје, 1969). По професија е лекар, нефролог, редовна професорка на Медицинскиот факултет. Поезија пишува од рана возраст, а романот „Неочекувано“ е нејзин прв роман. Има преведено повеќе од десет книги од англиски на македонски јазик, од стручни и други области. Верува во науката, надежта и здружувањето на луѓето за иста цел, дури и во делови од светот кои сè уште се во развој.

Ракописот „Неочекувано“ влезе во најтесниот избор за наградата „Пегаз“, за најдобар необјавен роман за 2023 година (во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата „Славко Јаневски“).


Романот е достапен во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk. За поголеми количества може да се нарача на arslamina.com.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
330 МКД
5,34 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.58 MB