Ново

Literatura.mk со шест номинации на Ecommerce Awards 2024!

21.01.2025.
Literatura.mk со шест номинации на Ecommerce Awards 2024!

Најголемата онлајн-книжарница, www.literatura.mk, е номинирана во шест категории на изборот
за најдобрите во македонската е-трговија, Ecommerce Awards за 2024 година.
Literatura.mk е номинирана во следните категории:

  • Е-трговец на годината
  • Најпопуларна е-продавница
  • Е-трговец со најдобра грижа за корисници
  • Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми
  • Мобилна апликација за е-трговија на годината
  • Е-продавница за уметност, култура, настани и едукација.

Гласањето ќе трае од 20 јануари до 10 февруари, на сајтот ecommerceawards.mk, а победниците ќе
бидат прогласени во март 2025 година.
Literatura.mk две години по ред, во 2022 и 2023 година, беше прогласена за најдобра е-
продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards.
На е-продавницата www.literatura.mk се застапени повеќе од 50.000 производи од 70 издавачки
куќи, како и над 100 брендови за гифт-програма, дизајнерски додатоци за домот и канцеларијата,
играчки, едукативни, арт и колекционерски производи и училишна опрема. Досега има над 49.000
корисници и остварени се повеќе од 4.500 порачки.
Од 2024 година, Literatura.mk воведе ново шопинг-искуство со 3Д-водич во книжарниците и
мобилна апликација која има над 500 преземања.
Онлајн-книжарницата www.literatura.mk е дел од осумте продажни сервиси на „Литература.мк“,
покрај физичките книжарници лоцирани во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“ на
ул. Македонија и ТЦ Буњаковец во Скопје, како и на најфреквентните места во Битола и Струмица.
На сајтот се застапени изданија од сите книжевни жанрови, белетристика, домашни и светски
класици, стручна литература, изданија за деца, лектири, дидактички материјали, гифт-програма и
друго.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.79 MB