Ново

„Нетфликс“ објави серија базирана на класикот „Сто години самотија“ на Маркес

27.12.2024.
„Нетфликс“ објави серија базирана на класикот „Сто години самотија“ на Маркес
„Нетфликс“ објави серија базирана на класикот „Сто години самотија“ на Маркес

Безвременскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес е инспирација за новата истоимена ТВ-серија на популарниот стриминг-сервис „Нетфликс“. Станува збор за колумбиска серија со 16 епизоди, од кои првите осум веќе се достапни за гледање. Главните улоги ги толкуваат Клаудио Катањо, Марко Антонио Гонзалес Оспина, Сузана Моралес Кањас и други. Серијата доби одлични реакции од публиката и високи оценки од критичарите. Ова е најскапиот проект на „Нетфликс“ направен во Латинска Америка досега.

Книгата „Сто години самотија“ на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот, кој е дел од едицијата „Современи класици“, се смета за магнум опус на Маркес, а важи и за едно од највлијателните дела во латиноамериканскиот книжевен канон и во светската книжевност. Од неговото прво објавување во 1967 година во Аргентина, преведен е на 46 светски јазици, а продадени се повеќе од 50 милиони примероци низ светот.

Оваа епска бајка ја опфаќа стогодишната турбулентна историја на Јужна Америка, од постколонијалните дваесетти години на 19 век до дваесеттите години на 20 век, раскажана преку семејната хроника за седумте генерации од семејството Буендија од селцето Макондо.

Патријархот Хосе Аркадио Буендија го гради утопиското селце Макондо среде мочуриште. На почетокот, ова место е многу просперитетно и ги привлекува Циганите (како што се опишани номадите во романот, кои доаѓаат во Макондо секоја година во месец март) и ситните трговци, меѓу кои е и робусниот Циганин Мелкијадес, најважниот лик што не е дел од лозата на Буендија. Селцето го зафаќа и речиси го урнисува тропска бура што трае пет години, а до петтата генерација на Буендија – нејзината физичка разурнатост се совпаѓа со моралната разурнатост на семејството. Конечно, разорен ураган ги збришува трагите на Макондо.

На крајот се открива дека Мелкијадес е нараторот во приказната, а неговите мистериозни ракописи, всушност, се самиот текст на романот. Во фантастичниот лавиринт во книгата, книжевната критика го препозна влијанието на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес врз Маркес.

„Сто години самотија“ може да се чита како алтернативна, неофицијална историја, а инвентивното раскажување на приказната ги изнесува во преден план сензуалноста, љубовта, интимноста и различните појави на сиромаштијата.

Габриел Гарсија Маркес е парадигма во литературниот стил магичен реализам, а „Сто години самотија“ е највпечатлив пример за преплетувањето на фантастичното и реалистичното во светската книжевност. Токму тоа го прави овој роман најрепрезентативно книжевно дело во рамките на движењето „латиноамерикански бум“ во шеесеттите и седумдесеттите години на 20 век.

Преводот на македонски јазик е на Ванѓа Чашуле, првпат објавен во 1986 година во книгоиздателството „Мисла“.

Други наслови од Габриел Маркес објавени во едицијата „Современи класици“ во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се: „Љубов во време на колера“, „На полковникот нема кој да му пишува“, „Хроника на една најавена смрт“, „Есента на патријархот“, „Виор од лисје“ и „Генералот во својот лавиринт“, како и последниот, „изгубен“ роман „Се гледаме во август“, кој постхумно беше објавен во 2024 година.

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Mar.
Ново
За сите кои сакаат да се хранат здраво или постат, излезе од печат уникатниот посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски.
24.
Feb.
Ново
Пет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
24.
Feb.
Ново
Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт „Либи“, ѝ го носи на македонската читателска публика класикот за деца „Мили...
21.
Feb.
Ново
Остануваат само неколку дена до крајот на продажната акција „Денови на литературата“, која трае до 23 февруари во сите книжарници на „Литер...
07.
Feb.
Ново
Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, излезе од печат во издание на &...
24.
Jan.
Ново
Дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Лами...
21.
Jan.
Ново
Најголемата онлајн-книжарница, www.literatura.mk, е номинирана во шест категории на изборот за најдобрите во македонската е-трговија, Ecommerce Awards за 202...
20.
Jan.
Ново
Седум книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.76 MB