Ново

Што го инспирираше Алекс Мајклидис да го напише романот „Фурија“?

17.12.2024.
Што го инспирираше Алекс Мајклидис да го напише романот „Фурија“?
Што го инспирираше Алекс Мајклидис да го напише романот „Фурија“?

Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати извори за неговото најново дело – „Фурија“.Сите ги сакаат приказните што се случуваат во Грција, а Мајклидис, кој потекнува од Кипар, е под особено влијание од својата татковина. Тука се и несопирливите сили на Холивуд и терапијата. Но, да го оставиме самиот Мајклидис да ви раскаже повеќе, откривајќи ги своите три големи инспирации…

„Фурија“ е приказна за поранешна американска филмска ѕвезда, Лана Фарар, која ги поканува своите најдобри пријатели да го поминат Велигден на нејзиниот приватен грчки остров. Лошото време ги заробува на островот — и се случува убиство. А тоа е само почеток…

„Бев посреќен кога го пишував романот „Фурија“ отколку која било друга книга што сум ја напишал. Беше инспирирана од три мои големи страсти — грчките острови, Холивуд и терапија.“

Грчки острови

„Израснав на малото островче Кипар, во Медитеранот. Малите острови се чудни места — сѐ изгледа засилено, изострено, клаустрофобичен, изолиран простор. Понекогаш сте толку заробени што се чувствувате очајно — и преземате чекори што инаку би биле незамисливи. Сакав да ја донесам оваа драма во „Фурија“ што ја сместив на фиктивниот грчки остров Аура. За да одговара на оваа драматична средина, ми беа потребни драматични ликови — и веднаш помислив на актерите кои ги познавав во Холивуд кога работев како сценарист.“

Холивуд

„Бев анксиозно дете, срамежливо и нервозно. Многу време поминував сам, бегство наоѓав гледајќи филмови. Бев опседнат со филмските ѕвезди — од Мерилин Монро и Кери Грант до Џулија Робертс. Сонував дека патувам со нив, со овие ликови кои ги сакав, каде и да одеа сѐ до крајот на филмот. Си замислував дека тие сите живеат во Холивуд, магично, митско место, над виножитото. Мислев дека ако можам да стигнам таму, конечно ќе бидам среќен. Ова ми стана животна цел што ме поттикна да се занимавам со актерство и подоцна, со пишување.

Декади подоцна, ми се исполни желбата и работев во Холивуд како сценарист. Бев околу некои многу познати луѓе и тие не ме разочараа. Работата на филмски сет е интензивно искуство. Ги држев очите и ушите отворени — и бев сведок на некои неверојатно лоши однесувања од познатите актери кои ќе останат анонимни. Ги паметам, сите тие, поголеми од животот, харизматични личности и нивните екстремни, шокантни дејства — знаејќи дека еден ден ќе пишувам за нив.“

Терапија

„Можеби сѐ уште бев во Холивуд, живеејќи среќно до крајот на животот… но сфатив, на мое разочарување, дека Холивуд е илузија. Можеш да избегаш над виножитото — но не можеш да избегаш од себе. Сите анксиозни, и чувства на страв што ме измачуваакако дете, ме следеа илјадници километри далеку од дома. Преку терапијата, започнав да гледам дека многу од нас носат во себе повредено дете, и ако не научиме да го слушаме и комуницираме со тоа дете, ќе минеме цел живот бегајќи од себе.“

„Кога започнав да ја пишувам оваа книга, го испратив мојот херој, Елиот Чејс, британски драмски писател, на слично патување како моето. Тој бегаше од своето минато, заробен на грчки остров, заедно со некои актери поголеми од животот. Додадов едно убиство… и така беше роден романот ‘Фурија’.“

 

Идиличен, приватен грчки остров во друштво на филмска ѕвезда може да звучи како рај, но работите ќе се претворат во смртоносни во најновиот трилер на Алекс Мајклидис. Во фасцинантен разговор дознаваме повеќе за тоа како неговото кипарско потекло влијае на неговото раскажување приказни, новиот пристап кон пишувањето кој го ослободи неговиот стил, како и вистинската холивудска инспирација зад неговото најново дело.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Jan.
Ново
Најголемата онлајн-книжарница, www.literatura.mk, е номинирана во шест категории на изборот за најдобрите во македонската е-трговија, Ecommerce Awards за 202...
20.
Jan.
Ново
Седум книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
15.
Jan.
Ново
D1 Milano е бренд кој совршено ја комбинира елеганцијата и модерниот дизајн, создавајќи часовници кои се повеќе од обичен аксесоар. Со разновидни модели кои ...
14.
Jan.
Ново
Новата едукативна сликовница „Колку е часот?“ со текст и илустрации од Тодор Трајковски е весел помошник на децата при учењето да го читаат време...
27.
Dec.
Ново
Безвременскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес е инспирација за новата истоимена...
26.
Dec.
Ново
Во чест на Кафка, издавачката куќа „Арс Ламина“ под импринтот за детска литература „Либи“, ја реализира сликовницата „Девојчето...
19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB