Ново

Промоција на книгата за деца „Градоначалник“ од Илина Мангова

21.11.2024.
Промоција на книгата за деца „Градоначалник“ од Илина Мангова
Промоција на книгата за деца „Градоначалник“ од Илина Мангова

Новата книга за деца „Градоначалник“ од авторката Илина Мангова, со илустрации на Александар Сотировски, ќе биде промовирана на 28 ноември (четврток), со почеток во 18:30 часот, во „Литература.мк“, во „Дајмонд мол“. Промотор на сликовницата ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.  Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со оваа едиција учиме големи зборови преку мали приказни од секојдневието. Ги подготвуваме децата за светот што ги чека.

Главниот лик во оваа богато илустрирана книгичка, е малиот Тигран, кој од својата мајка добива одговор на прашањата - што е тоа градоначалник, што се избори и гласање. Преку јазик разбирлив за децата, таа му ги објаснува овие големи зборови, и процесот на гласање за нов градоначалник. Ова издание е корисен прирачник за сите родители, наставници и едукатори, кои сакаат на децата да им го поедностават овој сложен збор и професија, но и да им помогнат да го разберат светот околу себе.

Илина Мангова е политиколог која работи на унапредување на демократските процеси во Македонија и регионот. Таа е регионална советничка за Европа во Меѓународниот републикански институт (ИРИ) и соработува со политички партии, како и со извршната, законодавната и локалната власт во сферата на добро управување. Покрај тоа, Мангова има значајно искуство во граѓанскиот сектор како истражувачка, предавачка и менторка. Мангова има дипломирано политички студии на Правниот факултет „Јустинијан I“ во Скопје, а има магистрирано компаративна политика – демократија на Лондонската школа за економија и политички науки (ЛСЕ) во Лондон со Чивнинг стипендија од британската Влада. Авторка е на повеќе од 15 стручни трудови и е коуредничка на книгата „Живот за утре – Општествени трансформации во Југоисточна Европа“. Верува дека ангажманот за јавното добро и чувството за одговорност се учат од најмали нозе и ова дело за детската публика e нејзин мал придонес кон таа цел.

Александар Сотировски е македонски стрип-цртач и илустратор, автор на најновиот генерациски бран мејнстрим стрип-автори. Автор е на многу препознатливи стрипови и илустрации и има соработувано со повеќе домашни и светски продукциски и издавачки куќи.

Книгата „Градоначалник“ е достапна во сите поголеми книжарници, и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB