Ново

Кои интернационални бестселери наскоро ќе излезат од печат во издание на „Арс Ламина“?

19.11.2024.
Кои интернационални бестселери наскоро ќе излезат од печат во издание на „Арс Ламина“?
Кои интернационални бестселери наскоро ќе излезат од печат во издание на „Арс Ламина“?

Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македонски јазик вo издание на „Арс Ламина“. Станува збор за седум бестселери на „Њујорк тајмс“ и два класика. Дознajте повеќе за овие неверојатни романи!

 

1. „Фурија“ од Алекс Мајклидис

Инстант-бестселер на „Њујорк тајмс“ од Алекс Мајклидис -  автор на „Немата пациентка“. Ова е мајсторски темпиран трилер за повлечена поранешна филмска ѕвезда и нејзините славни пријатели, чие спонтано патување до приватен грчки остров е нарушено од убиство.

 

2. „Лека ноќ, Ајрин“ од Луис Алберто Уреа

Бестселер на „Њујорк тајмс“ и книга на годината според: „Амазон“, „Киркус ривјус“, „Ен-пи-ер“, „Чикаго паблик лајбрери“, „Ен-би-си“...

Епско дело за Втората светска војна што ги раскажува херојските подвизи на младата Ајрин во Црвениот крст, која преку пријателството со Дороти и љубовната врска со храбриот американски пилот Ханс, учи повторно да верува.

 

3. „Тајната книга на Флора Лиа“ од Пати Калахан Хенри

Инстант-бестселер на „Њујорк тајмс“ и роман во конкуренција за најдобра историска фикција во изборот на Гудридс (2023). Кога една жена ќе открие ретка книга која има врска со нејзиното минато, ќе се откријат долго чувани тајни за нејзината исчезната сестра и нивното детство за време на Втората светска војна.

 

4. „Рок на траење“ од Ребека Серл

Нов бестселер на „Њујорк тајмс“ од авторката на „За пет години“ и „Едно лето во Италија“. Со својот препознатлив топол стил и длабока проникливост во љубовните прашања, Ребека Сeрл конечно го насочува своето внимание кон романтичната љубов. Резултатот е возбудлив, емоционален, страстен и (да) срцепарателен роман за тоа што значи да се биде сингл и што значи да се најде љубов.

 

5. „Полноќна гозба“ од Луси Фоли

Од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ („Списокот со гости“, „На лов“ и „Станот во Париз“), чиишто трилери се купени во повеќе од пет милиони примероци низ светот. Свечено отворање на Дворецот - ново и престижно, луксузно одморалиште... Но, кога минатото влегува на забавата, ќе заврши со убиство на... „Полноќната гозба“.

 

6. „Во Фарли Филд“ од Рис Боуен

Од авторката на бестселери на „Њујорк тајмс“, позната меѓу нашите читатели по романите „Скици од Венеција“ и „Детето од Тоскана“. За време на Втората светска војна еден војник со падобран паѓа на имотот на на Лорд Вестерем и умира. Неговата униформа и личните предмети се сомнителни, па оперативецот на МИ5 и семеен пријател, Бен Кресвел, е задолжен да утврди дали човекот е германски шпион. Ова му овозможува на Бен да биде блиску до средната ќерка на Лорд Вестерем, Памела, во која тајно е вљубен. Но, Памела има своја тајна...

 

7. „Заплет“ од Жан Ханф Корелиц

Бестселер на „Њујорк тајмс“.  Џејкоб Финч Бонер некогаш бил ветувачки автор со успешен деби-роман. Иако предава креативно пишување, со години нема напишано ништо. Кога ќе дознае дека неговиот талентиран поранешен ученик починал, веројатно не завршувајќи ја својата книга, тој го прави она што многумина би го направиле со толку добра приказна – приказна што треба да се раскаже. На врвот на неговиот нов славен живот му стигнува е-пошта со застрашувачка, анонимна порака: „Ти си крадец“.

 

8. „Скитник, кројач, војник, шпион“ од Џон Ле Каре

Модерен класик и интернационален бестселер од мајсторот за шпионски трилери и автор на „Наследство на шпионите“ и „Силвервју“. Главниот лик на овој роман, еден од најуверливите ликови во шпионските романи, е средовечниот Џорџ Смајли, врвен разузнавач и бескомпромисен трагач во времето на Студената војна за советските кртици во британските разузнавачки служби.

Овој роман е екранизиран во истоимениот филм со Гери Олдман во главната улога.

 

9. „Тивкиот Американец“ од Греам Грин

Класик и интернационален бестселер. Најпознатата книга на Греам Грин со над 350 изданија, што длабоко ги истражува љубовта, невиноста и моралот во Виетнам. Првпат објавен во 1956 година и двапати адаптиран за филм, „Тивкиот Американец“ останува застрашувачки и прониклив портрет на невиноста и наивноста во акција.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.83 MB