Ново

Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева

14.11.2024.
Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева
Промоција на стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ од д-р Блага Панева

Стручната книга „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“ од д-р Блага Панева, во издание на „Супрема“, ќе биде промовирана на 20 ноември (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Веселинка Лаброска, редовен професор, дописен член на МАНУ, и д-р Александар Маркоски, вонреден професор и активен јавен обвинител.

Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото влијание врз нормата. Во делото се опфатени: Македонскиот јазик во основното образование со посебен акцент на програмското подрачје јазик; Анализа на гласовните промени во писмените текстови; Консонантски групи во почетна, медијална и финална позиција; Финални согледувања од анализите и насоки за подобрување. Изданието  е заокружено со прилози и резиме на македонски и англиски јазик, како и список на богата користена литература.

Делото е произлезено од докторската дисертација со наслов „Артикулациjата на гласовите и акцентирањето во колоквијалниот изговор во Скопје и нивното влијание врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма во наставата (врз база на корпус од говорни и пишани материјали)“, која Панева ја има одбрането на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во 2022 година.

Ако основната цел во секоја наставна програма по македонски јазик и литература, во сите степени на образованието, е „учениците правилно усно и писмено да се изразуваат“, тогаш грешките што ги прават тие, особено во писменото изразување, упатуваат на потребата од наоѓање начини и форми за подобрување. Поаѓајќи од фактот дека употребата на информатичко-комуникациската технологија влијае врз изговорот и пишувањето кај младите, целта на оваа книга е да го претстави начинот на изразување и пишување кај средношколската младина, притоа посебно обрнувајќи внимание на зачестеноста во правописните грешки, ситуација што е во голема мера недозволива за ученици од повисоките одделенија во основното образование, а уште помалку за ученици од средното образование.

Aвторката д-р Блага Панева е родена во 1963 година, во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1989 до 2002 година работи како професор/наставник по македонски јазик и литература во средните училишта во Скопје „Лазар Танев“, „Гоце Делчев“, „Владо Тасевски“ и „Никола Карев“ и во ОУ „Васил Главинов“ во Велес. Од 2002 година до денес работи како советник во Бирото за развој на образованието во Скопје.

Има објавено повеќе научни и стручни трудови во списанијата: „Литературен збор“, „Стремеж“, „Образовни рефлексии“, како и во повеќе зборници од меѓународни научни конференции, на македонски, но и на англиски јазик.

Со Јадранка Клисарова и Јован Радески е коавторка на учебниците Македонски јазик со елементи на национална култура,за прво, второ и трето одделение, наменети за децата на нашите иселеници во странство (Република Србија). Исто така е коавторка на повеќе книги и прирачници: Нови аспекти на инспекторирањето во образованието, со д-р К. Петковски; Самоевалуацијата во училиштата, со д-р Лиз Томсон, д-р Дон Квист и група автори; Промоција на хумани вредности, со м-р Дарко Јорданов и  група автори; Прирачник за наставата по немајчин јазик, д-р Алесандро Бенати и група автори; Концепција за изработка на учебник со методологија за вреднување на учебник, група автори; Збирка на добри практики за планирање и реализација на наставна содржина со примена на критичко размислување, решавање проблеми и кодирање.

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.83 MB