Ново

Дарко Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации

26.09.2024.
Дарко Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации
Дарко Панчев: Се надевам дека мојата биографија ќе биде инспирација за младите генерации

Во присуство на многубројни гости, спортски легенди, новинари и обожаватели од сите генерации, вчеравечер (25 септември) во преполната „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се одржа промоцијата на првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев. Долгоочекуваната книга, чиј автор е доајенот на спортското новинарство Зоран Михајлов,  е издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.  Ѕвездата на вечерта – Дарко Панчев, своето обраќање го почна со благодарност кон публиката, која дојде да му оддаде почит на великанот. 

– Мило ми е што во публиката гледам прекрасни луѓе. Им благодарам на играчите од мојата генерација, без нив не би бил тоа што станав. Имав среќа што се погодив во една феноменална генерација, која успеа да се издигне со квалитет, која придонесе (во тие 5-6 години) нашиот народ да се почувствува горд дека Македонецот има квалитет, дека вреди нешто, а тоа сите ние го чувствувавме. Тоа беше еден многу убав период за сите нас во Скопје и во Македонија. Фала им и на моите соиграчи од Кисела Вода, од каде што почнав и со кои публиката почна првпат да нè запознава, и тоа е значаен дел од мојата кариера... Му благодарам на Зоран Михајлов, нашиот доајен на спортското новинарство, кој цел живот го посвети на спортот, што се нафати да ја напише мојата биографија. Со своето искуство срочи книга, која мислам дека ќе ви биде интересна за читање. Можеби ги нема сите анегдоти, но има опфатено многу интересни и значајни моменти. Животот на еден спортист не е едноставен, има многу патувања, тренинзи и напорни моменти, но има и интересни случувања, на кои и денес се сеќаваме. Често се шегуваме со Васил Рингов, да имало некој да нè следи и да пишува за нас додека сме играле, тоа сигурно би било не само бестселер, туку и повеќе од тоа. Имаше убави случки, но и периоди кога не ни одеше, но сето тоа е нормален дел од спортот... Сите важни моменти од кариерата се опфатени тука.  Се надевам дека ова дело ќе биде инспирација за  младите генерации – рече Панчев. 

Авторот Зоран Михајлов во изданието открива познати и помалку познати случувања, факти и анегдоти за Панчев, за неговиот подем, за постигнувањата и за неговата личност, почнувајќи од неговото детство, преку ангажманите во ФК Вардар и ФК Црвена звезда, па сѐ до европската фудбалска авантура. Во книгата се открива за животот на Панчев и надвор од зелениот терен.

– Кога со издавачката куќа „Арс Ламина“ се договаравме да ја пишувам книгата, најпрво ме фати страв. Навистина е голем подвиг да се пишува биографија, да се истражува и хронолошки да се подреди, да се соберат сите резултати кои во фудбалот се многу евидентни. Ако не се точни, не сме ја кажале вистината. А Дарко Панчев  со своите голови ја кажа токму таа вистина: дека Македонија има врвен фудбалер... Како што напишаа Французите со зачуденост, по неговиот прв настап со Црвена звезда во Франција кога даде пет од вкупно шест гола против ЦСКА Софија: „Кое е ова момче?“ Но, не знаеја дека тоа момче е Дарко Панчев, кое учеше фудбал прво на улица, па во школскиот двор, па дојде до помошното игралиште на ФК Вардар, па Градскиот стадион, па „Маракана“ каде што ја доживеа најголемата слава. Факт е дека Панчев одбележа еден фудбалски период во Европа, од Вардар кога играше првпат во Купот на европските шамиони во 1987 против Порто, тогаш во цела Европа се расчу за Вардар и за генерацијата на Панчев. Тогаш многумина помислија дека тоа учество е сосема случајно, како и освојувањето на шампионската титула, но не беше така, сите се измамија затоа што некои не беа свесни дека тимот го има  Дарко Панчев – кој и ден-денес е на ранг-листата на најмлади професионални фудбалери што постигнале најмногу голови. Тој имаше дадено 19. Да се пишува биографија е навистина  тешко, потребна е многу комуникација со луѓе. Книгата не можеше да се замисли без изјавите од ѕвездите на Вардар, тоа што го зборуваат во книгата е многу клучно. Затоа препорачувам да се прочита. Ќе издвојам една изјава од Гордан Здравков кој, на прашањето која е тајната зошто Панчев дава голови, рече:  „Господ му дал!“ Со тоа мислам дека е кажано сè... Во Црвена звезда го достигна врвот, каде што го постигна најзначајниот гол со кој Звезда стана европски шампион и кој придонесе името на Дарко Панчев да се спомнува на сите меридијани, затоа што тоа не беше обичен гол, тоа беше гол за победа, гол за европски и светски шампион. Да напоменам дека Дарко беше член и на југословенската репрезентација, и дека многу ми е жал што не замина на Олимпијадата во Лос Анџелес и можам нескромно да кажам дека ако отидеше Дарко, сигурно ќе бевме олимписки шампиони, затоа што патот до таа Олимпијада на репрезентацијата ù го отвори токму Панчев со клучниот гол против Холандија – рече Зоран Михајлов.

Промотори на книгата беа Васил Рингов и проф. д-р Љубомир Кекеновски. Поранешниот фудбалер и соиграч на Панчев, Рингов, раскажа интересни и досега малку познати анегдоти за Панчев, откривајќи го каков е „човекот зад легендата“. Кекеновски, пак, ја нагласи величината на Панчев и неговото значење не само за нашиот спорт, туку и за нашата држава.   

Модераторката на настанот, а водно и уредничка на книгата, Бисера Бендевска, истакна дека со овој настан и објавување на книгата му се оддава достојна почит на Панчев, како што заслужува една голема спортска легенда.

– Денеска чувствуваме дека поправаме една огромна, би рекла, историска и општествена неправда, нешто што требаше да се случи многу порано, а тоа е да му се оддаде колективно признание на Дарко Панчев за сите постигнати успеси кои несомнено ја прославија и Македонија. Овој проект го почнавме токму со таа искрена цел, а во неговата реализација ни помогнаа и авторот, легендарниот спортски новинар и коментатор Зоран Михајлов, и самиот Дарко Панчев, кој беше расположен да ги сподели своите спомени и емоции од важните моменти во неговиот живот. Дарко Панчев е име кое длабоко резонира не само во рамките на нашата држава, туку и на глобалната фудбалска сцена. Кариерата на славната „Кобра“, како што е познат во спортскиот свет Дарко Панчев, е инспиративна бајка за упорноста, страста и извонредноста. Периодот во Црвена звезда, особено освојувањето на Купот на европските шампиони во 1991 година, сè уште се памети како највисок дострел во неговата исклучително богата и успешна кариера – рече таа.

Во книгата е поместен избор од 40 фотографии од приватната архива на Панчев, кои  прикажуваат важни моменти од неговата кариера и од неговиот живот.

Книгата „Дарко Панчев: Авторизирана биографија“ е веќе достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Со секој примерок, читателите и обожаватели на Панчев ќе добијат и разделник со негов автограм.

 

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
21.
Nov.
Ново
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „А...
19.
Nov.
Ново
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македон...
15.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никог...
14.
Nov.
Ново
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото ...
12.
Nov.
Ново
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе о...
05.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминатив...
04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.25 MB