Ново

Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите

01.07.2024.
Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите
Најголемата е-книжарница www.literatura.mk слави роденден со подароци за читателите

Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден. Со регистрација на https://www.literatura.mk/registracija, посетителите на веб-продавницата до 12 јули можат да се пријават и да станат потенцијални добитници на некој од подароците. Секој ден се доделува подарок книга, а на 12.07, точно во 12:07 часот, по случаен избор ќе бидат извлечени добитниците на три вредносни ваучери.

Онлајн-книжарницата на „Литература.мк“, која постои повеќе од 12 години, минатата година на 12 јули го доби својот нов дизајн и стана најголемата е-книжарница во државата. Со новата понуда, www.literatura.mk стана повеќе од книжарница со 8.000 книги од над 60 издавачки куќи и повеќе од 15.000 производи од 80-тина брендови. Покрај книгите, застапени се подароци, дизајнерски додатоци за домот и канцеларијата, играчки, едукативни, арт и колекционерски производи и школска опрема.

Кон крајот на минатата година, веб-шопот на „Литература.мк“ се спои со „КупиКнига.мк“ во една е-книжарница. И двете е-книжарници, кои досега беа најпосетуваните интернет-страници за купување книги кај нас, продолжија да работат на заедничката веб-адреса www.literatura.mk, со што „Литература.мк“ го задржа статусот на најголемата македонска е-книжарница. Со ова, www.literatura.mk останува прв избор за купување книги, со најголем и најдобра понуда, најдобро корисничко искуство и најпрофесионална грижа за сите читатели во нашата држава.

„Литература.мк“ е веќе добро препознатлив синџир книжарници, со физичка продажба на улицата „Македонија“, во „Дајмонд мол“, „Сити мол“, „Ист гејт“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје, како и на Широк сокак во Битола и во центарот на Струмица.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.81 MB