Ново

НАСКОРО: Бестселерот „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета

01.07.2024.
НАСКОРО: Бестселерот „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета
НАСКОРО: Бестселерот „Само ова лето“ од Аби Хименез е романса што ќе се чита многу лета

Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за инстант-бестселер број 1 на „Њујорк тајмс“, кој влезе и во изборот на клубот на читатели на „Добро утро Америка“. Магазинот „Ел“ објави дека „оваа духовита, ром-ком книга е идеално четиво за на плажа“. Дека е книга што ќе се чита ова, но и уште многу други лета, зборуваат и позитивните коментари на критичарите и читателите.

„Само ова лето“ е приказна за една летна романса, комплицирано семејство и неочекувани чувства. Џастин го следи проклетство, а благодарение на објава на „Редит“ станува вирален на интернет. Секоја девојка со која е во врска, истата секунда откако ќе раскинат, ја наоѓа својата сродна душа. Кога една жена ќе му прати порака, а го има истиот проблем, тие смислуваат план: ќе бидат во врска и ќе раскинат. На тој начин заемно ќе се ослободат од проклетството и секој од нив ќе ја пронајде љубовта на својот живот. Идејата е луда... но можеби ќе успее.

Ема не планира дека нејзиното следно задолжение како патувачка медицинска сестра ќе биде во Минесота, но таа и нејзината најдобра пријателка се согласуваат дека запознавањето со Џастин е повеќе од добра прилика, особено што имаат можност да изнајмат преслатка колиба на приватен остров на езерото Минетонка.

Се очекува да биде кратко пријателство, само за летото. Но, кога се појавува токсичната мајка на Ема, а Џастин мора да преземе грижа за своите малолетни сестри и брат, одеднаш се справуваат со многу повеќе од очекуваното – вклучувајќи ги и вистинските чувства еден за друг. Што ако овој пат судбината навистина ги спојува сродните души?

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB