Ново

„Шарени ириси“ е хибридна инклузивна сликовница на кирилско и на Брајово писмо

15.04.2024.
„Шарени ириси“ е хибридна инклузивна сликовница на кирилско и на Брајово писмо
„Шарени ириси“ е хибридна инклузивна сликовница на кирилско и на Брајово писмо

Новата сликовница во издание на „Арс Ламина“, „Шарени ириси“, е многу повеќе од илустрирана книга за деца, тоа е хибриден инклузивен проект, наменет и за лица со оштетен вид и за нивните семејства. Ова издание, кое вклучува страници со Брајово писмо е наменето за слепите и лицата со оштетен вид, на кои им е достапно преку Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, Скопје, и преку ресурсните центри за лицата со оштетен вид во нашата земја.

– Објавувањето на ова хибридно инклузивно издание на кирилско и на Брајово писмо, „Шарени ириси“, е дел од нашата мисија да ги доближиме книгите до сите читатели, вклучувајќи ги и слепите и лицата со оштетен вид. Со ова истовремено сакаме да ја зголемиме свеста за нивните потреби за достапност на квалитетни книжевни дела. Голема благодарност до Мите Стефоски и Мирослав Размоски и печатницата „Тифлографика“ од Струга, кои го препознаа значењето на овој проект и на професионален и стручен начин ги испечатија страниците со Брајовата азбука. Со објавувањето на изданието, се вклучуваме во одбележување на двестегодишнината од креирањето на Брајово писмо. Со „Шарени ириси“ ја прошируваме нашата понуда на инклузивни сликовници и книги за деца, и потсетуваме дека секој заслужува да има пристап до литературата – вели Бранка Бугариска, директор на издаваштво во „Арс Ламина“.

Ова издание на „Арс Ламина“ е со текст на Јована Матевска Атанасова и акварелните илустрации на Симонида Филипова Китановска, кои длабоко и лирски продираат во една деликатна семејна состојба во која таткото е слеп и метафорично кажано: живее во очите на својата ќерка. Со многу чувства и со специфичен ликовен сензибилитет, во „Шарени ириси“ истовремено се испишува и се исцртува љубовта помеѓу таткото и ќерката, при што темнината и светлината се во цврста прегратка. Иако сликовницата е за возрасни, со неа „владее“ едно дете, па оттаму можат да ја читаат или да им се чита и на деца.

Станува збор за книжевно-ликовна приказна, за она што се гледа и за она што не може да се види. Метафорични очи во кои живеат светлината, темнината и љубовта. Можен свет (пре)создаден низ своите или низ очите на блискиот. „Шарени ириси“ е сликовница за големи и мали, што треба да се чита, да се гледа, да се допира со... ширум отворено срце!

За пошироката читателска публика, сликовницата, која е објавена под импринтот за детска литература „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде достапна на штандот на „Арс Ламина“ за време на Саемот на книгата 2024.

Книгата е достапна во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
150 МКД
2,43 EUR
Заштеда 32%
220 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.58 MB