Ново

НОВА СТАНИЦА НА „ЛИТЕРАТУРА.МК“ НА СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА

10.01.2024.
НОВА СТАНИЦА НА „ЛИТЕРАТУРА.МК“ НА СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА
НОВА СТАНИЦА НА „ЛИТЕРАТУРА.МК“ НА СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА

Книжарницата „Литература.мк Суперстор“ и кафе-барот „Кафе Литература“ ја почнаа својата нова приказна на нова станица, во рамките на трговскиот центар „Дајмонд мол“. Во новиот продажен простор, „Литература.мк“ и кафулето што се сместени на вкупна површина од 600 квадратни метри, се застапени над 12.000 книги од домашни и од странски издавачи, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. Освен големиот избор од белетристиката, нашата најнова книжарница изобилува со книги за деца и стручна литература на македонски, албански, англиски, германски и на француски јазик и други изданија од повеќе области.

Како и другите книжарници на „Литература.мк“, така и во новата суперпродавница можете да најдете богата понуда на дизајнерски производи за домот, квалитетен избор на канцелариски и училиштен материјал, училиштен прибор, дидактички и едукативни изданија, помагала за уметност и дизајн, како и селектирана гифт-програма и луксузни подароци.

Во архитектонски модерно дизајнираниот простор на книжарницата е сместен и најголемиот локал на книжевното кафуле „Кафе Литература“, осмислен за релаксација, дружба и споделување на убави моменти. Кафулето е конципирано и како место за промоции и за одржување на разни културни случувања, книжевни средби, мини-концерти и настани, бизнис-презентации и снимања.

„Литература.мк“, која почна како интернет-продавница (www.literatura.mk), сега има седум специјализирани книжарници, сместени на најфреквентните места: на улицата „Македонија“, во „Скопје сити мол“, „Ист гејт мол“, „Дајмонд мол“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје, на „Широк Сокак“ во Битола и во центарот на Струмица.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.82 MB