Ново

Најдоброто станува подобро: „Литература.мк“ и „КупиКнига.мк“ стануваат едно

15.12.2023.
Најдоброто станува подобро: „Литература.мк“ и „КупиКнига.мк“ стануваат едно
Најдоброто станува подобро: „Литература.мк“ и „КупиКнига.мк“ стануваат едно

Под слоганот „Најдоброто станува подобро“, „Литература.мк“ го најави спојувањето со „КупиКнига.мк“ во една е-книжарница. И двете е-книжарници, кои досега беа најпосетуваните интернет-страници за купување книги кај нас, продолжуваат да работат на заедничката веб-адреса www.literatura.mk, со што „Литература.мк“ станува и најголемата македонска е-книжарница.

„Купувањето книги преку интернет последниве години доживеа огромна експанзија. Затоа донесовме одлука што гарантира дека ќе продолжиме да го имаме најзабележливото присуство како во нашите физички книжарници, така и на интернет. Со припојувањето на ’КупиКнига.мк‘ кон ’Литература.мк‘, стануваме прва и најголема страница за купување книги, со најголем и најдобар избор, најдобро корисничко искуство и најпрофесионална грижа за сите читатели во нашата држава“, истакна Александра Лукиќ, маркетинг-директор на „Литература.мк“.

Во областа на онлајн-продажбата на книги, „КупиКнига.мк“ успешно функционираше повеќе од десет години. Спојувањето кон „Литература.мк“ е со цел да се пресретнат потребите на поголем број корисници, овозможувајќи им, пред сѐ, на брз и едноставен начин да дојдат до книгата што ја сакаат.

„Спојувањето на двете најголеми македонски е-книжарници е исклучително важен момент за сите љубители на читањето – го зголемува потенцијалот за уште подобри продажни акции, како и за неприкосновен професионализам во онлајн-малопродажбата и дистрибуцијата на книги до купувачите“, додаде Андреа Ичокаева-Бундалевска, раководител на е-продавницата „literatura.mk“.

Книжарниците „Литература.мк“ се веќе препознатливи сврталишта за сите љубители на книгите. Продажните места се уредени според современите светски стандарди и се лоцирани на најфреквентните места во Скопје, Битола и во Струмица. На полиците на книжарниците застапени се книги од најголемите издавачки куќи, домашни и странски, како и едукативни изданија, дизајнирани артикли и производи од гифт-програмата, од повеќе домашни и странски брендови и компании. Книжарниците се конципирани и како места за одржување на разни културни настани, промоции на книги, концерти, бизнис-презентации и снимања.

На е-продавницата „Литература.мк“ застапени се над 15.000 производи од 70 издавачки куќи, како и од 80 гифт-брендови, како подароци, дизајнерски додатоци за домот и канцеларијата, играчки, едукативни, арт и колекционерски производи и училишна опрема.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Ново
Остануваат само неколку дена до крајот на продажната акција „Денови на литературата“, која трае до 23 февруари во сите книжарници на „Литер...
07.
Feb.
Ново
Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, излезе од печат во издание на &...
24.
Jan.
Ново
Дебитантскиот роман „Неочекувано“ на авторката Ана Мовска деновиве излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Лами...
21.
Jan.
Ново
Најголемата онлајн-книжарница, www.literatura.mk, е номинирана во шест категории на изборот за најдобрите во македонската е-трговија, Ecommerce Awards за 202...
20.
Jan.
Ново
Седум книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
15.
Jan.
Ново
D1 Milano е бренд кој совршено ја комбинира елеганцијата и модерниот дизајн, создавајќи часовници кои се повеќе од обичен аксесоар. Со разновидни модели кои ...
14.
Jan.
Ново
Новата едукативна сликовница „Колку е часот?“ со текст и илустрации од Тодор Трајковски е весел помошник на децата при учењето да го читаат време...
27.
Dec.
Ново
Безвременскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес е инспирација за новата истоимена...
26.
Dec.
Ново
Во чест на Кафка, издавачката куќа „Арс Ламина“ под импринтот за детска литература „Либи“, ја реализира сликовницата „Девојчето...
19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.79 MB