Ново

„Арс Ламина“ ги објави мемоарите за неверојатниот живот на Тина Тарнер

30.10.2023.
„Арс Ламина“ ги објави мемоарите за неверојатниот живот на Тина Тарнер
„Арс Ламина“ ги објави мемоарите за неверојатниот живот на Тина Тарнер

„Мојата најдолга љубовна врска беше со мојата публика.“ – Тина Тарнер

 

„Мојата љубовна приказна“ е насловот на мемоарите на Тина Тарнер, во кои ќе прочитате за подемите и падовите во животот на неодамна починатата кралица на рокенролот. Оваа книга е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина публикации“.

Од младоста во Нетбуш, Тенеси, преку патот до славата со Ајк Тарнер, до нејзиниот фантастичен успех во осумдесеттите години на 20 век и подоцна, Тина искрено ја преиспитува својата лична приказна – искушенија, достигнувања и сè помеѓу. Таа раскажува за годините соработка со најголемите имиња во светот на музиката – Мик Џегер, Кит Ричардс, Дејвид Боуви, Бијонсе – и пишува за тоа како во 1986 година неочекувано ја запознала љубовта на својот живот и како се омажила за него дваесет и седум години подоцна. Како што вели Тина: „Понекогаш најголемата среќа во животот ни се случува кога сме во состојба да ја цениме“. Соочена со низа здравствени проблеми и семејни трагедии што ù се случија последните неколку години, Тина се осврнува на својот неверојатен животен пат, пронаоѓајќи смиреност и цел дури и во најмрачните моменти.

„Мојата љубовна приказна“ е силна и инспиративна приказна за жена која била доволно храбра да ја надмине секоја пречка што ѝ се испречила на патот. Ставајќи ја во центарот на вниманието нејзината впечатлива мешавина од енергија, срце и душа, овие мемоари маѓепсуваат и мотивираат еднакво како кој било од нејзините најголеми хитови.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку следниот линк:

https://www.literatura.mk/biografii-i-memoari-publicistika/41463-mojata-ljubovna-prikazna

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
450 МКД
7,28 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Mar.
Ново
За сите кои сакаат да се хранат здраво или постат, излезе од печат уникатниот посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски.
24.
Feb.
Ново
Пет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
24.
Feb.
Ново
Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт „Либи“, ѝ го носи на македонската читателска публика класикот за деца „Мили...
21.
Feb.
Ново
Остануваат само неколку дена до крајот на продажната акција „Денови на литературата“, која трае до 23 февруари во сите книжарници на „Литер...
07.
Feb.
Ново
Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, излезе од печат во издание на &...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.54 MB