Ново

Арс Ламина ја одбележува стогодишнината од смртта на Цепенков со нови изданија

25.12.2020.
Арс Ламина ја одбележува стогодишнината од смртта на Цепенков со нови изданија

Овој месец се навршуваат сто години од смртта на Марко Цепенков, нашиот најистакнат собирач на народни умотворби и еден од првите прозаисти и раскажувачи во македонската книжевна историја. Издавачката куќа „Арс Ламина“ во чест на овој јубилеј неодамна објави неколку нови изданија поврзани со творештвото на Цепенков.

Деновиве, по тој повод, излезе од печат новото издание на автобиографијата на Марко Цепенков, првпат адаптирана на современ македонски јазик. Својата „Автобиографија“ Цепенков ја пишува во 1896 година за да одговори на прашањето како станал собирач на народни умотворби. Ова осовременето издание има цел текстот да го приближи до најмладата публика и да им даде шанса да се запознаат со делата на Марко Цепенков уште во училишните клупи. Марко Цепенков речиси целиот свој живот го посветил на собирање народни приказни, песни и други фолклорни форми и неговата важност за македонската книжевност е непроценлива. Неговото богато творештво – објавени и необјавени дела – го сочинуваат повеќе од 5500 поговорки, 800 приказни, 150 песни, 100 гатанки, верувања и клетви, баења, соништа и нивни толкувања, детски игри, речници, описи на занаети итн.

Во ова издание на „Автобиографијата“ на Цепенков направени се неколку адаптации од оригиналниот текст: неговиот прилепски говор е осовременет, според правилата на стандардниот литературен јазик, а текстот е поделен на поглавја за да се олесни процесот на читање. Изданието содржи и поговор од проф. д-р Наташа Аврамовска од Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Арс Ламина“ објави и неколку книги од Васил Мукаетов, еден од нашите најплодни автори за деца, а кои се поттикнати од делото на Цепенков што ни го оставил во наследство.
 
Книгата „Мариовски сказни – Пејови приказни“ е збирка поезија за деца базирана на шеговитите народни приказни за најпопуларниот јунак на народното усно раскажување Итар Пејо. Во рамките на истата едиција објавени се уште три дела, „Ај погоди!“ (стихувани гатанки), „Што е, а што не е?“ (песни дополнувалки) и „Од згода до згода, заграб бистра вода“ (стихувани умнозборки, пословици и поговорки, со предговор од Ермис Лафазановски), кои се базирани на творештвото и записите на Марко Цепенков. Мукаетов преку овие книги на еден необичен, инвентивен и, пред сè поучен начин, нè потсетува на творештвото на Цепенков, на неговите пословици, поговорки, гатанки, како и на приказните за мариовскиот итрец Итар Пејо.

Илустрациите во книгата „Мариовски сказни – Пејови приказни“ се на нашиот познат илустратор и креативен директор Ивица Спасовски, а другите три се илустрирани од познатата карикатуристка Наташа Костовска. Сите пет нови книги се објавени во едицијата „Читанки“, кои се продолжение на лесно читливите „Лектири“. Тие се наменети за младите читатели како дополнителна препорачана литература за во основните училишта. Едицијата е одобрена и од здружението за дислексија „Ајнштајн“ и од Филозофскиот факултет во Скопје.

Меѓу лесно читливите лектири е и „Силјан Штркот“, едно од најзначајните оставнини од Марко Цепенков. Оваа негова приказна, како негов прв автентичен раскажувачки обид, се одликува со посебна раскажу­вачка постапка, инвентивност и креативност и во однос на другите негови запишани приказни и носи негов инди­видуален печат. Ова издание, покрај оригиналната верзија на Цепенков, содржи и скратена и адаптирана верзија на современ македонски јазик, а вклучен е и поговор од Весна Мојсова-Чепишевска.

Базирани на записите на Марко Цепенков се и изданијата од едициите „Бајки од Македонија“ и „Басни од Македонија“. Во нив се собрани најубавите бајки и басни од македонската народна традиција, собирани и запишувани од Марко Цепенков, адаптирани од Билјана Црвенковска и илустрирани од Катерина Николовска. Изданијата се дел од проектот „Бајки од Македонија“, реализиран во соработка со Движењето за поддршка на креативноста „Иво Лауренчиќ“ – Браво Сине!

Сите овие изданија се достапни во книжарниците „Литература.мк“, а може и да се нарачаат преку интернет, на www.literatura.mk 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
17.
Dec.
Ново
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати и...
29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
21.
Nov.
Ново
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „А...
19.
Nov.
Ново
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македон...
15.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никог...
14.
Nov.
Ново
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото ...
12.
Nov.
Ново
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.83 MB