Ново

Новогодишен онлајн-настан на Арс Ламина и Литература.мк со концерт на Фанк шуи и најава на новиот албум на Влатко Стефановски

24.12.2020.
Новогодишен онлајн-настан на Арс Ламина и Литература.мк со концерт на Фанк шуи и најава на новиот албум на Влатко Стефановски

Со цел да се одбележи завршувањето на оваа необична година, издавачката куќа „Арс Ламина“, заедно со книжарниците „Литература.мк“, на 25 декември ќе организираат онлајн новогодишен настан. Новогодишната забава што двете компании, традиционално секоја година, ја организираат за своите вработени, автори, соработници и пријатели, овој пат ќе се „одржи“ во вид на онлајн-дружење на фејсбук-профилите на организаторите, следејќи ги правилата за безбедност.

Во рамките на настанот ќе се одржи и промоција на новиот албум на гитарскиот виртуоз и наш пријател, Влатко Стефановски, а ќе биде премиерно прикажан и видеоспотот за песната „Огледало“. Албумот „Тафталиџе шафл“ („Taftalidze shuffle“) на Стефановски, во издание на „Кроациа рекордс“ (Croatia Records), наскоро ќе биде достапен во книжарниците „Литература.мк“.

Настанот ќе опфати и музички настап на македонската група „Фанк шуи“ (Funk Shui), позната по својот уникатен музички израз кој комбинира повеќе различни ритмови и алтернативни инструментални музички жанрови. Ќе бидат споделени и кратки видеоразговори со дел од авторите на „Арс Ламина“ и пријатели на двете компании, кои ја обликуваа книжевната сцена оваа 2020 година. Меѓу нив се и Неле Карајлиќ, Славимир Футро, Васко Тодоров, Јана Мишо, Моџо Килингтон и Давор Панчевски. Модератор на настанот ќе биде водителот Марко Марк.

Сите заинтересирани во петок ќе можат да го проследат настанот на фејсбук-профилите на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“, како и на каналот Литература.мк на „Јутјуб“, со почеток од 21 часот.

Ве покануваме да ни се придружите во петок во 21 часот. Да свртиме нова страница и да ја почнеме 2021 година со добра музика, добра книга, во добро друштво и со многу љубов!

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.82 MB