Ново

Мистериозниот град под калето од Александра Тодоровиќ – најдобра книга за деца на Reader’s Choice Book Awards

23.11.2021.
Мистериозниот град под калето од Александра Тодоровиќ – најдобра книга за деца на Reader’s Choice Book Awards

Интерактивното издание за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ, со илустрации на Марко Јанев, победи во конкуренцијата за најдобри ДЕТСКИ КНИГИ И СЛИКОВНИЦИ на изборот Reader’s Choice Book Awards 2021. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, освои 844 гласови од читателите. Натпреварот „Книга на годината“ во Македонија се одвиваше онлајн, преку интернет-страницата www.kniganagodinata.mk, а за победниците одлучија гласовите на публиката.

– Благодарам за секој глас. Ова признание ми го стопли срцето и ми даде уште поголема сила за освојување уште повеќе детски срца. Пресреќна сум што „Мистериозниот град под калето“ освои најмногу гласови од читателите во категоријата КНИГИ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ. Скопје те сакам. Се гледаме наскоро со нешто ново. Поздрав од мене и од илустраторот Марко Јанев – изјави авторката на книгата Александра Тодоровиќ.

Книгата „Мистериозниот град под калето“ е посветена на Скопје и неговата историја, поточно периодот под османлиска власт. Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата што ќе се сврти. Првпат на нашиот пазар, ваквата иновативност е директно поврзана со податоците за градот и аспектите од неговото културно наследство: спомениците, настаните, начинот на облекување, храната, јазикот. Оваа книга не се чита по вообичаен редослед. Младите читатели низ страниците се сретнуваат многу предизвици. Ќе се запознаат со Скопје и со јунаците од неговото минато кои се споменуваат и до ден-денес, бидејќи со своите дела, храброста и јунаштвото оставиле печат зад себе. Со помош на оваа авантура ќе научат еден дел од историјата што е значаен за нашиот главен град. Ќе посетат многу објекти значајни за тоа време и кои до ден-денес постојат за да нè потсетуваат дека Скопје е град со многувековна традиција.

Александра Тодоровиќ

На натпреварот „Книга на годината“ беа номинирани 15 книги од издавачката куќа „Арс Ламина“, кои се натпреваруваа во осум, од вкупно девет категории. Покрај за детска книга, беа доделени награди за најдобар: трилер, романса, историска драма, женска фикција, книга од домашен автор, нефикција, книги за млади и поезија.

Книгата „Мистериозниот град под калето“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14448

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Apr.
Ново
Долгоочекуваната биографија за еден од најголемите музичари на овие простори, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина –...
04.
Apr.
Ново
На 3 април, со почеток во 20 часот, љубителите на театарот имаа несекојдневна можност да ја проследат апсурдната драма „Лекција“ од Ежен Јонеско,...
03.
Apr.
Ново
Промовиран најновиот роман на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ вчеравечер (2 април) во „Литература.мк“ во „Да...
02.
Apr.
Ново
На Светскиот ден на литературата за деца издавачката куќа „Арс Ламина“ го распишува традиционалниот литературен и ликовен конкурс „Читањето...
31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.82 MB