Ново

Три нови мотивациски книги за подобар и поквалитетен живот

08.11.2021.
Три нови мотивациски книги за подобар и поквалитетен живот

Каква е моќта и потенцијалот на жените? Кои се скриените моќи на вашиот внатрешен глас во борбата со анксиозноста? Како да го подобрите психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочите врските со другите? Што пропуштате да слушнете додека друг зборува и кога последен пат некој навистина ве слушал вас? Ова се само дел до прашањата на кои одговараат трите нови мотивациски книги, кои деновиве беа објавени на македонски јазик во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за интернационалните бестселери: „Океј сум, помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан, „Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос и „Не слушате кога ви зборуваат: Што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа“ од Кејт Марфи.

Во книгите, кои се дел од едицијата „Здравје и живот“ на „Арс Ламина“, се обработуваат теми – актуелни на светско ниво, кои го засегаат современиот човек и носат издржани анализи и совети. Во овие инспиративни изданија авторите даваат совети за подобар и поквалитетен живот. Ваквиот тип литература особено е популарен последниве години во светот и кај нас. Во продолжение ви ги претставуваме кратките содржини на новите мотивациски книги, што деновиве се најдоа на полиците на книжарниците „Литература.мк“.

„Океј сум! Помагајте!“ од Анабел Ривкин и Емили Мекмикан

Оваа книга дава свеж поглед на моќта и потенцијалот на жените: духовити, дигитално писмени и исклучително неспокојни. Идејата потекнува од колумната насловена како „Будалеста зрелост“ од која подоцна Ривкин и Мекмикан ја развија истоимената интернет-страница за да го променат имиџот на средната доба, како контраудар на угнетувањето базирано на вежби, рецепти и сосредоточеност на шпоретот. Значи, ова е книга полна со совети како да се води „несовршен живот“. Опсегот на теми со кои се занимаваат тие е голем – од кариерата до мајчинството, од сите сеќавања и искуства што си ги собрала до грешките што си ги правела, оние поради кои жалиш и оние на кои си благодарна, од држењето диети и диктатот како треба да изгледаш до конечното ослободување. Ова не е прирачник за тоа како да живееш и што да правиш, главната порака е: не сме совршени, но тоа е океј. Животот и не е толку лош кога знаеш дека и другите се во истиот сос.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14750

„Гласот во нашата глава, зошто е важен и како да го користиме“ од Итан Крос

Итан Крос е наградуван психолог кој во оваа книга ни ги открива скриените моќи на нашиот внатрешен глас и ни покажува како да го искористиме во борбата со анксиозноста, како да си го подобриме психичкото и менталното здравје и како да ги продлабочиме нашите врски со другите. Кажете му на странец дека разговарате со себеси, мошне веројатно е дека ќе ве смета за ексцентрик. Кога разговараме со себеси, често се надеваме дека ќе го поттикнеме нашиот внатрешен тренер, но, наместо тоа, го поттикнуваме нашиот внатрешен критичар. Кога се соочуваме со тешка задача, нашиот внатрешен тренер нè охрабрува: Ајде, го можам тоа! Но, исто толку често, нашиот внатрешен критичар нè обесхрабрува: Нема да успеам. Сите ќе ми се смеат. Која е поентата? Крос ги истражува тивките разговори што ги водиме со себе. Испреплетувајќи ги револуционерните проучувања на мозокот што ги спроведувал во неговата лабораторија со конкретни студии на случај, тој објаснува како внатрешните разговори ги обликуваат нашите животи, работа и врски. Тој предупредува дека препуштањето на негативни и дезориентирачки разговори со себе – што тој ги нарекува „брборење“ – може да ни го нарушат здравјето, да ни го „спуштат“ расположението, да ни ги ограничат социјалните конекции и да почнеме да попуштиме под притисок. Но, добрата вест е дека ние веќе сме опремени со алатки што ни се потребни да направиме нашиот внатрешен глас да работи во наша полза. Овие алатки често не се очигледни. Скриени се во технологиите што ги ползуваме, во дневниците скриени во нашите фиоки, разговорите што ги водиме со блиските, опкружувањето во нашите училишта и на работните места. Брилијантно аргументирана, стручно поткрепена и полна со приказни со кои секој може да се идентификува, оваа книга ни дава моќ да го смениме најважниот разговор што го водиме секој ден: оној со себеси.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14746

„Не слушате кога ви зборуваат: Што пропуштате да слушнете и зошто е важно тоа“ од Кејт Марфи

Кога последен пат навистина сте слушале некого додека зборува? Кога последен пат некој вас навистина ве слушал? На работа нè учат како да водиме конверзација. На социјалните мрежи формираме сопствени наративи. На забавите дискутираме едни со други. И нашите политичари, исто така. Не ги слушаме другите кога зборуваат. И никој не нè слуша нас. Да, живееме во свет во кој технологијата ни овозможува непрекината дигитална комуникација и можности за поврзување, но се чини како всушност никој да не слуша никого, дури не ни знае како се прави тоа. Во оваа мудра и духовите книга Кејт Марфи, соработничка на „Њујорк тајмс“, темелно истражува и ни објаснува зошто веќе не умееме да се слушаме едни со други, како тоа ни влијае и како може да ја повратиме таа умешност. Сознанијата од областа на психологијата, невронауката и социологијата на слушање авторката ни ги претставува вешто и јасно покажува дека навистина го сослушала и чула она што Сузан Кејн го говореше во книгата „Тивките луѓе за интровертните“. Време е да престанеме да зборуваме и да почнеме да слушаме.

„Исклучително актуелно дело. Слушањето на она што некој има да ви го каже претставува момент на усогласеност и разбирање кој е обостран. Тоа им е потребно на сите.“ - „Тајмс“

„Поучна и инспиративна книга што ќе им помогне на читателите да размислат за тоа како да поставуваат прашања и да даваат одговори ако сакаат да остварат блискост.“ - „Фајненшал тајмс“

„Благодарение на конкретните совети и големиот број насоки што се нудат во книгата, читателот ќе научи како да има подобар пристап во разговорот и слушањето на соговорникот, пристап што е исклучително корисен, во салата за состаноци и во сопствената куќа.“ - „Буклист“

„Интелигентно и духовито дело што разјаснува зошто вештината на слушање е суштински важна, особено во денешно време.“ - „Опсервер“

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14747

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
17.
Dec.
Ново
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати и...
29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
21.
Nov.
Ново
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „А...
19.
Nov.
Ново
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македон...
15.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никог...
14.
Nov.
Ново
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото ...
12.
Nov.
Ново
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.85 MB