Промоции

Кире Лазаров ќе ја потпишува својата автобиографија Секогаш на победа во Literatura.mk Superstore во Ист гејт мол

05.11.2021.
Кире Лазаров ќе ја потпишува својата автобиографија Секогаш на победа во Literatura.mk Superstore во Ист гејт мол

Во недела (7 ноември), во 16 часот, во Literatura.mk Superstore во „Ист гејт мол“ (прв кат), најдобриот македонски ракометар на сите времиња, Кирил Лазаров, ќе ја потпишува својата штотуку објавена автобиографија „Секогаш на победа“. Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“.

Во книгата, која беше промовирана деновиве во скопскиот хотел „Александар Палас“, најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите и рекордер по многу основи во светот на ракометот,  ја раскажа својата ракометна и животна приказна, во соработка со српскиот новинар Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал „Balkan-handball“. Патувањето од родниот Свети Николe до Нант, каде што ќе ги закачи „патиките на клин“ во летото 2022 година, е опишано на интересен начин, со бројни анегдоти и лекции, кои ќе бидат водич за новите генерации и потсетник за современиците на голема кариера.

– Сум имал трема на натпреварите, но сега е поголема затоа што сум прв македонски спортист кој решил искрено и со многу страст да напише автобиографија. Треба да имате храброст и многу сила за да ги кажете некои работи што не се кажани. Сите Македонци знаат многу за мене, но во книгата ќе прочитате многу повеќе. Работевме 7-8 месеци со новинарот Жика Богдановиќ, основач на регионалниот ракометен портал Balkan-handball, но во ниту еден момент не се премислив да сменам нешто суштински во книгата. Сигурен сум во себе и стојам зад сето она што ќе го прочитате – истакна Лазаров на промоцијата.

Во својата импозантна кариера, Лазаров има освоено 1 титула во Лигата на шампионите, 3 шампионски титули во Шпанија, 5 во Унгарија, а има и вредни индивидуални признанија како најдобар стрелец на Светското првенство во 2009 година, на ЕУРО во 2012, а сè уште важи за најдобар голгетер во историјата на Лигата на шампионите.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.5 MB