Ново

Арс Ламина објави 16 најзначајни дела од Милан Кундера

02.09.2021.
Арс Ламина објави 16 најзначајни дела од Милан Кундера

Шеснаесет најзначајни дела од еден од најважните современи светски автори Милан Кундера неодамна излегоа од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за сите десет романи („Шега“, „Проштален валцер“, „Животот е на друго место“, „Книгата за смеата и за заборавот“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Бесмртност“, „Бавност“, „Идентитет“, „Незнаење“ и „Празникот на безначајноста“), неговите, и според него, најзначајни четири есеистички книги („Уметноста на романот“, „Изневерени тестаменти“, „Завеса“ и „Средба“), единствената збирка раскази „Смешни љубови“ и драмскиот текст „Жак и неговиот господар: Почест на Дени Дидро во три чина“.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ се зафати со овој значаен и обемен потфат сè со цел да ги ревидира постојните преводи на македонски јазик и да ги реиздаде најзначајните дела на Кундера – според многумина, еден од најзначајните романсиери и, воопшто, интелектуалци на денешницата.

Милан Кундера е роден на 1 април 1929 година во Брно, (некогашна) Чехословачка. Живее во егзил во Франција од 1975 година, каде што станува натурализиран државјанин во 1981 година. На почетокот пишува на чешки јазик. Од 1993 година па натаму тој ги пишува своите романи на француски јазик. Помеѓу 1985 и 1987 година, Кундера извршува ревизија на француските преводи на неговите поранешни дела и, како резултат на ова, сите негови книги се објавени на француски јазик според оригиналниот извор. Како резултат на цензурата на комунистичката влада во Чехословачка, неговите книги се забранети во неговата родна земја, а тоа трае сè до падот на оваа влада за време на Кадифената револуција од 1989 година. Неговите книги се преведени на многу светски јазици – меѓу кои и на македонски.

Во 1985 година Кундера ја добива наградата „Ерусалим“. Добитник е и на Австриската државна награда за европска литература во 1987 година. Во 2000 година му е доделена меѓународната награда „Хердер“, а во 2007 година државната чешка награда за литература.
Се шпекулира и дека последниве години често е во потесниот избор за Нобеловата награда за литература.

„Под невината надворешност, делото на Милан Кундера е едно од најтешките што можат да се прочитаат денес и јас го употребувам овој збор во неговата најрадикална смисла, што значи дека ова дело претставува предизвик за умот и за срцето крајно тежок за откривање, што неотповикливо нè тера да се прашуваме. Да му се препуштиш, навистина да го прифатиш, е да ризикуваш да си одведен многу подалеку од тоа што отпрвин си го мислел, сè до некаков вид граница на свеста, сè до оној „опустошен свет“, каде што на крајот на раскажувањето се открива јунакот на Шега. Читањето тука навистина е опустошување“, вели Франсоа Рикар во поговорот во „Животот е на друго место“.

Книгите веќе се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=8972

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Jan.
Ново
Најголемата онлајн-книжарница, www.literatura.mk, е номинирана во шест категории на изборот за најдобрите во македонската е-трговија, Ecommerce Awards за 202...
20.
Jan.
Ново
Седум книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
15.
Jan.
Ново
D1 Milano е бренд кој совршено ја комбинира елеганцијата и модерниот дизајн, создавајќи часовници кои се повеќе од обичен аксесоар. Со разновидни модели кои ...
14.
Jan.
Ново
Новата едукативна сликовница „Колку е часот?“ со текст и илустрации од Тодор Трајковски е весел помошник на децата при учењето да го читаат време...
27.
Dec.
Ново
Безвременскиот книжевен класик „Сто години самотија“ од колумбискиот писател и нобеловец Габриел Гарсија Маркес е инспирација за новата истоимена...
26.
Dec.
Ново
Во чест на Кафка, издавачката куќа „Арс Ламина“ под импринтот за детска литература „Либи“, ја реализира сликовницата „Девојчето...
19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
17.
Dec.
Ново
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати и...
29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.81 MB