Ново

Интерактивната книга за деца Мистериозниот град под калето од Александра Тодоровиќ ќе биде промовирана во Литература.мк

08.06.2021.
Интерактивната книга за деца Мистериозниот град под калето од Александра Тодоровиќ ќе биде промовирана во Литература.мк

Интерактивната книга за деца „Мистериозниот град под калето“ од авторката Александра Тодоровиќ ќе биде промовирана на 10 јуни (четврток), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“. Делото, кое е посветено на Скопје во периодот под османлиска власт, е илустрирано од Марко Јанев, автор со богато професионално портфолио кој живее во Виетнам. Промоцијата ќе ја води Татјана Димовска-Атанасова¸ уредничкa во „Арс Ламина“.

„Мистериозниот град под калето“ е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“, и веќе може да се купи во сите книжарници „Литература.мк“, како и да се нарача онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk.

Станува збор за роман-авантура, базиран на концептот прашање и одговор, каде што самиот читател го одредува текот на настаните и дејството, преку избор на страницата што ќе се сврти. По првпат на нашиот пазар, ваквата иновативност е директно поврзана со податоците за градот и аспектите од неговото културно наследство: спомениците, настаните, начинот на облекување, храната, јазикот...

Авторката Александра Тодоровиќ вели дека минала долго време во истражување на историското богатство на Скопје со цел соодветно да ја конципира книгата.

– „Мистериозниот град под калето“ е првата книга од серијалот книги за деца „Скопје од А до Ш“. Во неа се обработува османлискиот период на Скопје. Со овој период всушност ја почнувам авантурата за Скопје. За оној дел пред Османлиската Империја, за време на Византија, има многу малку податоци и затоа се одлучив да почнам од периодот на Скопје под османлиска власт. Серијалот е замислен така што секоја книга ќе обработува различни историски периоди на градот. Понатаму дејството би продолжило во втората книга за Скопје во време на Кралството СХС, постземјотресно Скопје и приказната би се заокружила со модерно Скопје – вели авторката, за која ова е трета книга, а веќе подготвува и нови изданија.

„Мистериозниот град под Калето“ имаше и своја онлајн-промоција пред неколку месеци.

Заради запазување на здравствените протоколи, промоцијата ќе се одржи на терасата на книжарницата „Литература.мк“ на улицата „Македонија“ .

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Mar.
Ново
За сите кои сакаат да се хранат здраво или постат, излезе од печат уникатниот посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски.
24.
Feb.
Ново
Пет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.76 MB