Ново

Книги за деца и возрасни се дел од топ пет изборот на уредничката во Арс Ламина, Надица Фирфова

06.04.2021.
Книги за деца и возрасни се дел од топ пет изборот на уредничката во Арс Ламина, Надица Фирфова

Уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“ Надица Фирфова, креирајќи ја својата листа на топ 5 изданија што секој читател треба да ги погледне, пред сè, се одлучи за едиции. Од препораки за најмладите и за повозрасните читатели, во продолжение можете да ја прочитате нејзината селекција и да најдете издание што ќе ве заинтригира.

АГАТА КРИСТИ – Јубилејна едиција од 12 наслови

Агата Кристи е едно од најпрепознатливите имиња во светската книжевност. Нејзиното извонредно творештво веќе цели сто години ги плени читателите и фасцинантна е помислата дека со нејзините дела се имаат запознаено толку многу генерации. Всушност, романите на Агата Кристи, како на ретко кој автор, со леснотија ги пробиваат и временските и просторните бариери. По повод овој јубилеј, нашата издавачка редакција реши да објави нови преводи на 12 наслови од Агата Кристи, наменети за нејзината посветена читателска публика кај нас, но и за оние нови читатели кои сакаат да се запознаат со нејзиното творештво.

Дванаесетте наслови се распределени според еден специфичен и хронолошки распоред, каде што првите осум наслови се крими-приказни со Херкул Поаро. Се работи за следниве наслови:

Мистериозниот случај во Стајлсе насловот каде што првпат се сретнува овој славен белгиски детектив и каде што, заедно со неговиот пријател, капетанот Хејстингс, успешно го решаваат својот прв случај; потоа следува Убиството на Роџер Акројд, наслов во кој се соочуваме со еден необичен пресврт и наслов со кој Агата Кристи стекнува многу голема слава; потоа Лорд Еџвер е мртов како еден од првите филмувани наслови и дело што нуди една од најгенијалните криминалистички сложувалки со уште погенијален расплет. Следниот наслов е Убиство во Ориент експрес, кога Поаро оди на едно од неговите најславни патувања и доаѓа во ситуација да реши мошне комплексно злосторство, а воедно и едно од најпопуларните дела на Кристи; потоа Смрт на Нил, каде што се обработува темата на љубовен триаголник и дело што станува едно од најомилените на публиката; Зло под сонцетое наслов во кој извршеното злосторство на прв поглед изгледа како злосторство од страст, но се развива во нешто повеќеслојно и посложено. Следниот наслов е „По погребот“ во кој имаме приказна со многу ликови, необични пресврти и драматичен крај, но каде што, освен криминалистичкиот аспект, авторката дава и увид во животот на Англија по Втората светска војна и нејзиното влијание врз општеството. „Завеса: Последниот случај на Поаро“, како што ни кажува и насловот, е последното дело на Кристи со Поаро, а настаните во овој роман се случуваат во Стајлс корт, односно истата локација каде што Херкул Поаро и по првпат се појави и со тоа се заокружува циклусот на романи со овој детектив.

Освен романите со Поаро, во оваа едиција се застапени и два романа со г-ца Џејн Марпл: „Мртво тело во библиотеката“ и „Во 16.50 часот од станицата Падингтон“.И двете дела се едни од најпопуларните на Кристи, каде што во главна улога се појавува старицата аматер-детектив, која знае успешно да реши некои од најкомплицираните случаи дури и за полицијата. Како претпоследен наслов во едицијата се јавува „И не остана ниту еден“,романот што се смета за ремек-дело на Агата Кристи и воедно роман со кој и таа самата е најзадоволна. Ова дело ги остава читателите без здив од поглавје до поглавје, па сè до расплетот, каде што сите необичности со кои сме се среќавале низ романот на крајот ни изгледаат логични. Последна книга во едицијата, како едно заокружување, е „Златната топка и други раскази“, збирка раскази во која Агата Кристи, иако мајстор на крими-мистериите, нè води од чудни романтични сплетки, натприродни појави и класично убиство до нови инвентивни височини.

За сите љубители на класични крими-мистерии оваа едиција е вистинско уживање и своевидно книжевно патување низ безвременскиот свет на Агата Кристи.

АГАТА ОДЛИ (Трилогија*)

Главната хероина на оваа трилогија за деца го добила своето име според славната писателка на крими-романи – Агата Кристи. Токму ова е и првото навестување дека се работи за дела што изобилуваат со мистерии, загатки, необични пресврти и незаборавни доживувања од првата до последната страница!

Агата Одли е тринаесетгодишно девојче со желба за авантури, бујна фантазија и висока интелигенција што ѝ помага во решавањето на некои мошне необични случаи. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи, таа пронаоѓа таен клуч што ѝ овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон и оттука почнуваат авантурите. Агата е љубопитна, сака да истражува, а сето тоа го прави на еден забавен и динамичен начин. Во секоја од авантурите ѝ се придружуваат верните пријатели Лијам и Бријана, а нивното другарство е нешто со што секој млад читател може да се идентификува.

Трите романи: „Тајниот клуч“, „Убиство во музејот“ и Сребрената змија“ се романи во кои Агата разрешува по еден индивидуален случај, но она што ги обединува и поради што би требало да се читаат по овој редослед е личната приказна на Агата Одли во врска со загубата на нејзината мајка и желбата да ја открие вистината за она што навистина се случило со неа.

* Романите за Агата Одли се наменети за деца на возраст над десет години.

ШЕКСПИР ЗА ДЕЦА (Едиција)*

За сите деца еден убав вовед во светската книжевност се несомнено делата на Вилијам Шекспир. Тој се смета за еден од најславните англиски писатели чиишто дела имаат извршено силно влијание врз многу други автори и книжевни творби. Неговото творештво е преведено на речиси сите современи јазици, а неговите драми се изведуваат многу почесто од драмите на кој било друг писател и драматург. Сето ова е доволна причина да ги запознаеме и најмладите читатели со Шекспир, а оваа едиција може да помогне токму за тоа.

Во „Шекспир за деца“ се вклучени следниве наслови: „Како што милувате“, „Ноќ спроти Водици“, „Многу врева за ништо“, „Зимска приказна“, „Хамлет – принцот од Данска“, „Ромео и Јулија“, „Ричард Трети“ и „Крал Лир“.

Во овие адаптирани изданија за деца, напишани и преведени на разбирлив јазик за возраста за која се наменети, доминираат и придружни илустрации што се во функција на текстот. Се работи за одлични изданија за почетно читање, при што децата, освен што се запознаваат со делата на Шекспир, истовремено вежбаат читање на мајчин јазик и го збогатуваат сопствениот вокабулар.

* Изданијата од едицијата „Шекспир за деца“ се наменети за деца на возраст над седум години.

МАЧКИ-ДЕТЕКТИВИ (Едиција)

Деновиве од печат излегуваат вторите изданија на шесте наслови од едицијата „Мачки детективи“, па ете убав повод да се потсетиме на овој одличен серијал.

Создадени од италијанските автори Алесандро Гати и Давиде Моросинато, како и илустраторот Стефано Туркони, преводните изданија од едицијата „Мачки-детективи“ за кусо време станаа омилени меѓу децата. Никој не може да остане рамнодушен на шармот на оваа дружина составена од мачорите Мистер Мунлајт и Додо Марсеецот, мачката Жозефин и едно маче по име Понпон. Овие четворица минуваат низ мноштво авантури во градот на светлината Париз, и тоа во едно минато време кога наместо возила имало кочии, кога наместо електрично осветление на улиците имало канделабри со газиени ламби и наместо мобилни телефони се користеле првичните статични телефонски апарати.

Нашите најмлади читатели со воодушевување ги читаат интересните доживувања на мачките-детективи и со нетрпение го чекаат следниот случај низ следниве шест наслови: „Кој го грабна кралот на шпоретите“, „Крадец... отмен мачор“, „Кој го украде златниот мачор“, „Кој го намести Жан Мусташ“, „Чудниот случај на исчезнатите колбаси“ и „Голем напад на париската банка“.

* Изданијата од едицијата „Мачки-детективи“ се наменети за деца на возраст над седум години.

ПРВА УЧИЛИШНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА (Тритомно издание)

За сите ученици кои сакаат да го утврдат или да го надградат своето знаење, „Првата училишна енциклопедија“ е вистинската препорака. За сите оние што сакаат јасни и прецизни информации придружени со мноштво илустрации и фотографии, оваа тритомно дело со над илјада страници е вистинско уживање.

Иако се работи за преводно издание од шпанската издавачка куќа „Едиторијал осеано СЛ“, во македонското издание се вклучени две поглавја што ги обработуваат македонскиот јазик и македонската историја, со јасен преглед на сите клучни принципи, информации и факти што учениците би требало да ги запомнат.

Слободно може да се каже дека „Прва училишна енциклопедија“ е незаменлив прирачник во сечиј дом и огромна помош при учењето и развојот на децата од најрана возраст. Со неа, тие ќе научат да ги користат и другите пишани материјали како извори на информации и податоци и ќе знаат да ги препознаат фактите, наспроти морето произволни информации што секојдневно допираат до нив преку интернет.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
17.
Dec.
Ново
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати и...
29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
21.
Nov.
Ново
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „А...
19.
Nov.
Ново
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македон...
15.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никог...
14.
Nov.
Ново
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото ...
12.
Nov.
Ново
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.88 MB