Ново

Арс Ламина со три изданија за младата детективка Агата Одли

23.02.2021.
Арс Ламина со три изданија за младата детективка Агата Одли

„Агата Одли и тајниот клуч“, „Агата Одли: Убиство во музејот“ и „Агата Одли: Сребрената змија“ се три изданија од популарниот серијал за младата детективка кои неодамна беа издадени од „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ и може да се најдат во сите книжарници „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на веб-страницата www.literatura.mk. Интересот на ова девојче е да разрешува мистерии како и нејзиниот херој, Херкул Поаро и сето тоа го прави со помош на својата логика и на нејзиниот пријател кој, пак, е исклучително добар во користењето на компјутерите. Агата секој момент од своето слободно време го користи за да најде случаи за разрешување и се надева дека сиот овој труд ќе ја однесе до одговорот на тоа што се има случено со нејзината мајка.

Агата Одли: Тајниот клуч

Агата е детективка откако знае за себе – само го чека првиот голем случај за решавање. А нема ништо поголемо од тоа да се спаси градот Лондон од некои чудни случувања. Со живеалиште среде Хајд Парк, соба полна со омилените детективски романи и таен клуч што ù овозможува пристап до еден цел скришен дел на Лондон, Агата е совршено подготвена да ја реши оваа мистерија. Но, кому да верува, кога никој не е онаков како што изгледа?

Агата Одли: Убиство во музејот

Агата тукушто наиде на нејзиниот следен голем случај... убиство во Британскиот музеј. Но, како што таа почнува со копање под површината, така кај неа се јавува сомневање дека се подготвува поширок заговор во подрачјето под Лондон – заговор во кој се вклучени една напуштена метро-станица, голем огномет и пет илјади тони златни прачки. За среќа, Агата ги следи трагите ...

Агата Одли: Сребрената змија

Агата е повторно во авантура за решавање на уште еден случај! Кога еден асистент во Националната галерија исчезнува, Агата започнува истрага и притоа открива многу поголем заговор одошто може да се замисли. Придружете ѝ се во истрагата додека Агата се движи низ Лондон и оди директно во центарот на мистеријата ...

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

31.
Mar.
Ново
Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публи...
30.
Mar.
Ново
Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, излезе од печат во издание на „Арс Либрис&ldqu...
29.
Mar.
Ново
Инстант-бестселерот број 1 на „Њујорк тајмс“ - „Изградете живот каков што сакате“ од Артур Ч. Брукс и познатата ТВ-водителка Опра Вин...
26.
Mar.
Ново
Новиот роман-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ла...
26.
Mar.
Ново
Светскиот бестселер „Најсреќниот човек на светот“ од Еди Јаку – човекот што го преживеа Аушвиц, излезе од печат на македонски јазик во изда...
25.
Mar.
Ново
Првиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади, е отворен и ќе трае до 11 јуни 2025 година.
13.
Mar.
Најнови изданија
Новиот интернационален бестселер „Полноќна гозба“ од британската авторка Луси Фоли излезе од печат во издание на „Арс Либрис“, дел од...
09.
Mar.
Вести
Седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, организирана од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и про...
04.
Mar.
Ново
За сите кои сакаат да се хранат здраво или постат, излезе од печат уникатниот посен готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски.
24.
Feb.
Ново
Пет книги во издание на „Арс Ламина“ влегоа во конкуренција за наградата Роман на годината за 2024 година.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.78 MB