Ново

Шарлота Папаи: Македонско-унгарскиот разговорник е прв чекор кон зближување на овие два народа

04.02.2021.
Шарлота Папаи: Македонско-унгарскиот разговорник е прв чекор кон зближување на овие два народа

Шарлота Папаи во периодот од 2007 до 2011 година работела како лектор по унгарски јазик на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје каде го предавала овој јазик, а во текот на престојот организирала и настани низ државата врзани со промоција на унгарската култура како изложби, концерти, балетски изведби итн. Таа воедно е и лектор на „Македонско-унгарскиот разговорник“ чиј автор е Соња Трајковска, а делото неодамна го објави издавачката куќа „Арс Ламина“ и е достапен во книжарниците „Литература.мк“ како и да се нарача онлајн на www.literatura.mk

* Може ли да ни кажете нешто повеќе за вашата професионална заднина?

Јас сум професор по јазици веќе 25 години. На почетокот предавав англиски јазик во училиште во Унгарија, а од 2005 година во странство (Италија, Македонија, Бугарија) во различни универзитети. Инаку сум многу заинтересирана за уметностите и имам диплома за културен менаџмент.

* Кои беа вашите впечатоци од Македонија и кои беа најголемите разлики помеѓу Македонија и Унгарија?

Пред да дојдам во Македонија, не знаев ништо за вашата земја, но за време на годините поминати таму можев да ја истражам заедно со мојот сопруг. Државата за мене беше чудо со огромните планини, неверојатниот пејзаж, прекрасните езера и пријателските жители. Бев импресионирана од нејзината богата култура и сметам дека е многу разновидна, а точката на средба помеѓу православната и исламската култура ми беше многу возбудлива. Ова е главната причина зошто е толку различна македонската од нашата култура, која е католичка. Нашиот јазик не е индоевропски, како словенските јазици, туку уралски што ја одредува и нашата култура.

Унгарија беше дел од австроунгарската империја што има големо влијание и врз нашите традиции: на пример Унгарците сакаат да бидат точни, додека во Македонија луѓето се „пофлексибилни“ кога станува збор за времето. На почетокот, моите ученици секогаш доцнеа на нашите часови и морав да им ги објаснам унгарските навики. За мене беше културен шок кога бев поканета на кафе, но овој настан воопшто не се случи. Кога ќе поканиме некого на пијалак, закажуваме состанок и се среќаваме. :) Вашата кујна исто така е многу богата: сакам тавче-гравче, гибаница и топло-ладен десерт. Почнав да учам македонски, но за жал, по некое време престанав затоа што можев да зборувам на англиски со сите (и ова ме направи малку мрзлива), што не се случува многу често во Унгарија. Ги сакам вашите народни танци и песни: „Македонско девојче“ ми е омилена и секогаш ја пеам кога им зборувам на Унгарците за Македонија. Никогаш нема да ги заборавам тие четири години поминати во Македонија, ќе останат во моето срце.

* Како почна соработката со Соња Трајковска?

Соња Трајковска беше студентка на универзитетот. Беше толку убаво изненадување за мене кога една македонска девојка почна течно да зборува на унгарски јазик. Таа ми даде ракопис од речникот напишан од неа и навистина бев импресионирана од нејзината работа. Ниту порано, ниту потоа, некој напишал македонско-унгарски разговорник и таа, како студентка, создаде сопствен разговорник за патници без никаква помош. Таа разбра дека има потреба од тоа. Иако ѝ беа потребни речиси 10 години за да го објави, но сега во 2021 година и Македонците и Унгарците можат да го купат и да ги научат најважните зборови и изрази, што ни дава можност да разговараме, да се запознаеме со културата и на едните и на другите, да станеме поблиски едни со други. Многу сум среќна што можев да бидам дел од овој проект.

* Дали планирате да ја продолжите соработката со г-ѓа Трајковска и кои типови изданија поврзани со унгарскиот јазик мислите дека би биле најкорисни за македонската јавност?

Времето на пандемија не дозволува никој од нас да прави планови за иднината, но сигурна сум дека ова е само почеток на нашата соработка и Соња ќе излезе со некои нови идеи порано или подоцна. Мислам дека македонско-унгарско-македонски речник би бил најкорисен за македонската и унгарската јавност.

6. Дали планирате да се вратите во Македонија? Се надеваме дека ќе можеме да патуваме повторно наскоро и би сакала да се вратам во Македонија за да ги видам моите пријатели и вашата прекрасна земја

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
17.
Dec.
Ново
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати и...
29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
21.
Nov.
Ново
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „А...
19.
Nov.
Ново
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македон...
15.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никог...
14.
Nov.
Ново
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото ...
12.
Nov.
Ново
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.81 MB