Промоции

Онлајн-промоција на сликовницата Денеска ти нема да играш насочена кон булингот

03.02.2021.
Онлајн-промоција на сликовницата Денеска ти нема да играш насочена кон булингот

Сликовницата „Денеска ти нема да играш“ од шпанската авторка Пилар Серано која е насочена кон исклучителна важна тема, односно булингот меѓу учениците, ќе биде промовирана онлајн на 4 февруари (четврток) во 19 часот на фејсбук-страницата на „Литература.мк“.
 
Станува збор за сликовница во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“ која е веќе достапна во сите книжарници „Литература.мк“ како и за онлајн-нарачка на www.literatura.mk

Модератор на онлајн-промоцијата ќе биде уредничката во „Арс Ламина“, Татјана Димовска – Атанасова, додека соговорник ќе биде психологот Христина Стефановска која ќе даде поширока димензија и конкретни совети врзани со булингот кај децата и учениците што сè повеќе зема замав како во светски рамки, така и кај нас.
 
„Денеска ти нема да играш“ е приказна за Ана и за нејзините другарчиња од одделението кои се жртви на булинг. Порано одењето на училиште им било забавно, но полека прераснало во кошмар, откако Ема станала дел во класот. Таа е злобна и им заповедува на сите, но особено Ана е главната мета на сите нејзини напади. Ана почнува да се чувствува лошо, има намален апетит и станува сè потивка.
 
Авторката Серано има работено како учителка и во ова нејзино дело раскажува приказна за тимската работа и за храброста врз основа на нејзините лични искуства со учениците.
 
Приказната во „Денеска ти нема да играш“ освен што обработува мошне актуелна тема, таа нуди и алатка за справување со булингот кај учениците.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.84 MB