Ново

Современи бајки од Македонија - отворен повик за дизајнери-илустратори

29.01.2021.
Современи бајки од Македонија - отворен повик за дизајнери-илустратори

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ во соработка со издавачката куќа „Арс Ламина“ го објавува конкурсот за илустрации за четири авторски бајки. Четирите бајки се избрани на посебен конкурс „Современи бајки од Македонија“ кој се одржа минатата година.

На конкурсот кој е објавен денеска (29 јануари) и ќе трае до 20 март 2021 година, можат да конкурираат сите илустратори и дизајнери кои сакаат својата креативност да ја изразат преку илустрации наменети за најмладите.

Отворениот повик следи по изборот на четирите победнички бајки: „Перуника“ од авторот Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од авторката Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од авторката Катерина Данаилова и „Осаменото дрво“ од авторката Нина Максимова.

Текстовите на бајките можат да се најдат на следниот линк: www.arslamina.com/bajki2021

Дизајнерска задача

Задолжителни елементи:

  • Потребно е да се изработат целосно изработени колорни илустрации за корица (насловна илустрација) и најмалку за една внатрешна страна, за една бајка од понудените четири, по избор на илустраторот.
  • Потребно е да се осмислат и илустрираат автентични ликови и нивни карактери, соодветни на содржината на избраната бајка .
  • Илустрациите треба да бидат оригинални – авторско дело на илустраторот / дизајнерот.
  • Илустрациите треба да бидат наменски изработени за проектот и да не се користени за никаква друга намена.
  • Во сите илустрации да се задржи истиот авторски стил.
  • Илустрациите да бидат соодветни за сликовница наменета за деца од рано-училишна возраст.
  • Победникот ќе има обврска целосно да ја илустрира сликовницата за која е награден, вклучувајќи внатрешниот и надворешниот дел, по што ќе биде исплатена наградата во вкупниот износ.

Опционални елементи:

  • Останати креативни решенија кои можат да бидат имплементирани на местата на продажба или алтернативно огласување.

Технички спецификации

  • Формат на сликовницата: 210 х 210 mm
  • Илустрации: векторски формат или .tiff, минимум 300 dpi, и .jpg или .png (за преглед)

Насоки за доставување на предлозите

  • Предложените креативни решенија се доставуваат електронски на bravosine@arslamina.com, најдоцна до 20 март 2021 година.
  • Предложените решенија треба да се вклопат во .ppt презентација до 5 MB, може да се достави и pdf документ.
  • Заедно со решенијата, треба да се испратат и телефонски број за контакт.

Правила за учество

Секој пријавен кандидат треба да е државјанин на Република Македонија, и со поднесувањето на пријавата се смета дека ги прифаќа следниве услови за учество:

  • Организаторите на конкурсот имаат право да ги изложуваат на јавни настани креативните решенија (илустрации) поднесени од сите кандидати, со цел популаризирање на креативноста и самиот Проект „Бајки од Македонија“.
  • Организаторите се обврзуваат при изложувањето да го означат името на кандидатот кој го изработил решението.
  • Вкупниот награден фонд е 140.000 денари нето (односно 35.000 денари по сликовница).
  • Кандидатот чие креативно решение (илустрација) ќе биде наградено, се согласува 20% од вкупната награда да му биде исплатена веднаш, а останатиот дел по завршување на работата – илустрирање на сликовницата/сликовниците
  • Кандидатот чие креативно решение (илустрација) ќе биде наградено, ги отстапува материјалните авторски права на организаторите
  • Секој кандидат гарантира за оргиналноста на идејното/графичкото решение и ја презема целосната материјална и нематеријална одговорност за истото
  • Секој кандидат може да предложи повеќе решенија за една или за повеќе бајки.
  • Доколку повеќе кандидати го работат решението, еден од нив треба да биде назначен за носител на проектот
  • Организаторите на конкурсот го задржуваат правото да одлучат колку илустратори ќе бидат избрани / наградени (од еден до четири) и дали еден илустатор ќе изработи една, две, три или сите четири сликовници.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Jul.
Ново
Интернационалниот бестселер што открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè, „Квантна надмоќ“ од д-р Мичио Каку излезе ...
01.
Jul.
Ново
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
01.
Jul.
Ново
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат...
01.
Jul.
Ново
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во изд...
01.
Jul.
Ново
Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден.
15.
Apr.
Ново
Станува збор за книжевно-ликовна приказна на кирилско и на Брајово писмо, за она што се гледа и за она што не може да се види. Метафорични очи во кои живеат ...
06.
Mar.
Ново
„Изгубениот“ и досега необјавен роман на нобеловецот Габриел Гарсија Маркес – „Се гледаме во август“,  денеска излезе од п...
05.
Mar.
Ново
Од креаторот на „Валјутејнмент“ (Valuetainment), број 1 канал на „Јутјуб“ за претприемачи и „еден од највозбудливите мислители&...
02.
Feb.
Ново
Книгата „Чичко маестро Џамбаз - во светот на децата“ посветена на композиторот и диригент Александар Џамбазов, од познатите македонски музич...
12.
Jan.
Најнови изданија
„Рокчето“ е прва книга за деца на Никола Маџиров, еден од најистакнатите и најпреведуваните современи македонски поети во светот.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.41 MB