Ново

Славниот писател Милан Кундера почина на 94 години

12.07.2023.
Славниот писател Милан Кундера почина на 94 години

Еден од најпознатите современи светски писатели Милан Кундера почина на 94-годишна возраст. Чешкиот автор, кој од 1975 година живееше и твореше во Париз, зад себе остави богато книжевно творештво, меѓу кои и култните книги: „Шега“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Смешни љубови“, „Книгата за смеата и за заборавот“ и други. Пишуваше на француски и на чешки јазик.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ во 2021 година на македонски јазик објави шеснаесет најзначајни дела од Кундера. Станува збор за сите десет романи („Шега“, „Проштален валцер“, „Животот е на друго место“, „Книгата за смеата и за заборавот“, „Неподносливата леснотија на постоењето“, „Бесмртност“, „Бавност“, „Идентитет“, „Незнаење“ и „Празникот на безначајноста“) и, според него, најзначајните четири есеистички книги („Уметноста на романот“, „Изневерени тестаменти“, „Завеса“ и „Средба“), единствената збирка раскази „Смешни љубови“ и драмскиот текст „Жак и неговиот господар: Почест на Дени Дидро во три чина“.

Издавачката куќа „Арс Ламина“ се зафати со овој значаен и обемен потфат сè со цел да ги ревидира постојните преводи на македонски јазик и да ги реиздаде најзначајните дела на Кундера – според многумина, еден од најзначајните романсиери и, воопшто, интелектуалци на денешницата.

Милан Кундера е роден на 1 април 1929 година во Брно, (некогашна) Чехословачка. Живее во егзил во Франција од 1975 година, каде што станува натурализиран државјанин во 1981 година. На почетокот пишува на чешки јазик. Од 1993 година, па натаму тој ги пишува своите романи на француски јазик. Помеѓу 1985 и 1987 година, Кундера извршува ревизија на француските преводи на неговите поранешни дела и, како резултат на ова, сите негови книги се објавени на француски јазик според оригиналниот извор. Како резултат на цензурата на Комунистичката влада во Чехословачка, неговите книги се забранети во неговата родна земја, а тоа трае сè до падот на оваа влада за време на Кадифената револуција од 1989 година. Неговите книги се преведени на многу светски јазици – меѓу кои и на македонски.

Во 1985 година Кундера ја добива наградата „Ерусалим“. Добитник е и на Австриската државна награда за европска литература во 1987 година. Во 2000 година му е доделена меѓународната награда „Хердер“, а во 2007 година државната чешка награда за литература.

Во последните години често бил во потесниот избор за Нобеловата награда за литература.

Книгите се достапни во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Dec.
Ново
По сликовницата „Рокчето“ и поетската збирка „Шестарот на времето“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ја објави првата есеист...
17.
Dec.
Ново
Секој писател постојано бара инспирација. Алекс Мајклидис, авторот на интернационалниот бестселер „Немата пациентка“, се потпрел на три познати и...
29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
21.
Nov.
Ново
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „А...
19.
Nov.
Ново
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македон...
15.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никог...
14.
Nov.
Ново
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото ...
12.
Nov.
Ново
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе о...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.8 MB