Ново

Онлајн-промоција на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

23.06.2023.
Онлајн-промоција на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

Романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер ќе биде претставен со онлајн-промоција на 27 јуни (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Фројденталер, ќе зборуваат и уредничката на книгата Бисера Бендевска и Ксенија Чочкова, која го преведе романот од германски јазик.

„Приказна за духовите“, која е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, е еден од романите за кои на конкурс во организација на „Арс Ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. За победничко решение е избрано она на Лара Маринковиќ.

Лаура Фројденталер е родена во 1984 година во Салцбург. Студира германски јазик и литература, филозофија и родови студии. Живее во Виена. Нејзините раскази „Черепот на Медлин“ се објавени во 2014 година. За романот „Кралицата молчи“ ја добива книжевната награда на градот Бремен во 2018 година, а романот добива препорака за најдобро прозно дебитантско остварување од Германија на фестивалот за дебитантски романи во Шамбери во 2018 година. Следната година, Фројденталер го објавува својот втор роман, „Приказна за духовите“, за кој ја добива Европската награда за литература истата година.

Што ако во вашиот живот одненадеж се отвори празнина? Ова е прашањето што Лаура Фројденталер го поставува во нејзиниот втор роман „Приказна за духовите“.

Главниот лик Ан, средовечна професорка по клавир, одлучува да земе слободна година и да се посвети на свирењето и подготвувањето учебник за нејзината настава. Таа е мажена за Томас, со кого е во брак дваесет години. Токму кога се чини дека непречено ќе може да им се посвети на нештата што ги сака, Ан ја опседнуваат немири. Томас сè почесто е отсутен од домот, веќе извесно време престојуваат во различни соби и сè поретко разговараат. Постепено, слободното време се претвора во тесен затвор за Ан, во кој почнуваат да се вселуваат звуци и привиденија што целосно ја обземаат и ја измачуваат.

Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Oct.
Ново
„Само ова лето“ од Аби Хименез има сѐ што ѝ е потребно на една романса за да не биде жанровски потценета - зрелоста на драма и ковалентните карак...
15.
Oct.
Ново
Стручната книга што се осврнува на дилемите при следење на бремените пациентки со хипертензија или со бубрежни заболувања „Бубрег и бременост“, о...
27.
Sep.
Вести
На 8 октомври (вторник), во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе се одржат свеченото доделување на наградат...
26.
Sep.
Ново
Во присуство на многубројни гости, спортски легенди, новинари и обожаватели од сите генерации, вчеравечер (25 септември) во преполната „Литература.мк“ во „Да...
30.
Jul.
Ново
Интернационалниот бестселер што открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè, „Квантна надмоќ“ од д-р Мичио Каку излезе ...
01.
Jul.
Ново
Романсата „Само ова лето“ од една од најталентираните нови авторки Аби Хименез наскоро ќе излезе од печат на македонски јазик, во издание на &bdq...
01.
Jul.
Ново
Од авторот на меѓународните бестселери „Мала книга за хиге“ и „Уметноста на создавање спомени“, Мајк Викинг, деновиве излезе од печат...
01.
Jul.
Ново
Една од најочекуваните книги оваа година, „Том Лејк“, од авторката на „Холандската куќа“, Ен Пачет, наскоро ќе излезе од печат во изд...
01.
Jul.
Ново
Со подароци за читателите, вредносни ваучери и книги, најголемата е-книжарница кај нас www.literatura.mk го прославува својот прв роденден.
15.
Apr.
Ново
Станува збор за книжевно-ликовна приказна на кирилско и на Брајово писмо, за она што се гледа и за она што не може да се види. Метафорични очи во кои живеат ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.45 MB