Настани

Настани

Едицијата „Порта Европа“ го носи свежиот европски книжевен здив во македонската преводна книжевност
19.
Feb
На 16 февруари, со почеток во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, беше промовирана едицијата „Порта Европа“, во издание на „Арс Ламина“. Книжевната едиција „Порта Европа“ се состои од шест книги, сите добитнички на престижната Европска награда за книжевност последните неколку години, што ја доделува Европската унија: „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен, „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак, „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер, „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ, „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира и „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“ од Марија Наваро Скарангер.  
Завршна изложба за проектот „Порта Европа“ во склоп на фестивалот „Видик'
31.
May
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, издавачката куќа „Арс Ламина“ вчеравечер (30 мај), во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, го заокружи проектот „Порта Европа“.
Исидора Мун ве кани на роденден
15.
Feb
На 17 февруари, во кафе-книжарницата „Литература.мк“ во „Ист гејт мол“, Исидора Мун ќе го слави својот осми роденден и многу ќе се радува ако дојдете да прославите заедно со неа. Иако е славеничка, таа ви подготвува мали и слатки изненадувања и за возврат го очекува вашето присуство.
Јана Мишо: Отсекогаш знаев дека ќе напишам готски роман како „Што се случи со Исидора?“
01.
Nov
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, популарната македонска авторка  Јана Мишо го напиша својот прв психолошки готски роман „Што се случи со Исидора?“. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
Лирски почеток на „Видик“ - Скопје доби нова културна инфузија
17.
May
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
Марјан Георгиевски: „Железно небо“ е љубовна приказна што преку црн хумор ги открива болните точки на новите генерации
24.
May
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“,  ја изведе својата монодрама „Железно небо“. Со оваа изведба беше промовирана и првата книга на Георгиевски, со ист назив, која е во издание на „Арс Ламина“.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.19 MB