Настани

Настани

Literatura.mk повторно ја освојува титулата за најдобра е-продавница за уметност, култура, настани и едукација!
13.
Mar
По трет пат, најголемата онлајн-книжарница www.literatura.mk е прогласена за најдобра е-продавница во категоријата уметност, култура, настани и едукација на престижните Ecommerce Awards.
Александар Прокопиев: Трибунското место мора да се освои
25.
Jan
Во присуство на многубројни гости од културната и од писателската сфера, читатели и претставници на медиумите, вчеравечер (24 јануари), во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ се одржа промоцијата на новата критичко-есеистичка книга на Александар Прокопиев – „Трибун, Хронистерик, Номад“. Оливера Ќорвезироска, модераторката на настанот и уредничка на книгата, го отвори претставувањето со анегдота како најлесно да го научиме и да го запомниме насловот на книгата.
Александар Русјаков: „Девојчето и куклата што патува“ потсетува дека љубовта не исчезнува, таа секогаш се враќа во нова форма
19.
Feb
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков. 
Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден
14.
Mar
Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовиран посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја претстави промоторката Ана Шутиноска.
Биографската книга за спортската легенда Јован Спасеновски-Џагула ќе биде промовирана во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
05.
Dec
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промовирана на 11 декември (среда), во 18:30 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. 
Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик
21.
Nov
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана стручната книга од д-р Блага Панева - „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.
Васил Мукаетов: Во сите мои песни навивам за децата
05.
Apr
Светот на децата, нивното растење, нивните палавости, мудрости, емоции и разни ситуации, се инспирација за неуморниот писател Васил Мукаетов, кој, вчеравечер, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“ ја промовираше својата нова книга „Има ли и страна петта?“.
Влада Урошевиќ: Постојаното учење нѐ збогатува и ни ги обновува виталните сили
19.
Oct
Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, македонската книжевна и културна фела му оддаде почит на академик Влада Урошевиќ, во чест на неговиот 90. роденден.
Владимир Јанковски: „Ехото на акробатите“ е филмична приказна за ехото што го оставаат луѓето во нашите животи
09.
Oct
Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое секој ќе си ја препознае својата приказна. Книжевно дело кое останува како ехо, во секој што ќе го прочита...
Второ издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ од 2 до 16 април во „Литература.мк“
25.
Mar
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литература.мк“. 
Дарка Звонар Предан: Борис Пахор се радуваше што неговите раскази ќе се читаат на македонски јазик
14.
Feb
Во топлата и пријатна атмосфера во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се одржа промоција на збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор. За книгата зборуваа Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, Дарко Спасов, преведувач од словенечки јазик и Бисера Бендевска, уредничка во издавачката куќа „Арс Ламина“. Настанот беше поддржан од словенечката амбасада во Македонија, а меѓу присутните беше и амбасадорот на Република Словенија, господинот Грегор Прескер.
Доделена наградата „Пегаз“ за 2023 година во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“
17.
Apr
Со свеченост во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (16 април) беше врачена наградата „Пегаз“ за 2023 година и беше промовиран победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова.
Доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоција на „Риба во(н) мрежа“ од Јована Матевска Атанасова
11.
Apr
Свеченото доделување на наградата „Пегаз“ за 2023 година и промоцијата на победничкиот роман – „Риба во(н) мрежа“ од авторката Јована Матевска Атанасова ќе се одржат на 16 април (вторник), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.24 MB