Настани

Второ издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ од 2 до 16 април во „Литература.мк“

25.03.2025.
Второ издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ од 2 до 16 април во „Литература.мк“
Второ издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ од 2 до 16 април во „Литература.мк“

Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литература.мк“.  Со иновативен спој на повеќе области на културата, фестивалот „Видик“ отвора нови културни видици, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата.

Оваа културна манифестација годинава ќе има и хуманитарен карактер, имено, средствата од продадените билети за музичките и театарските настани ќе бидат наменети за настраданите во несреќата во Кочани.

Во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржат 15 настани, кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот, дизајнот и филмот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. На програмата се промоции на книги, музички настапи, театарски изведби, изложби на фотографии и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Фестивалот ќе почне на 2 април (среда), во 19 часот, со промоција на најновиот роман за возрасни од писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“, во издание на „Арс Ламина“. Промоторка на книгата ќе биде Илина Јакимовска, а извадоци ќе читаат актерките Катерина Коцевска, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Симона Димковска.

Следниот ден (3 април), во 20 часот ќе се одржи театарска претстава „Лекција“ од Ежен Јонеско, со Јовче Пандев, Калина Велковска и Маја Ѓурчевска во главните улоги.

Долгоочекуваната книга посветена на Ѓорѓе Балашевиќ, „Панонскиот адмирал“ од Иван Ивачковиќ, ќе биде промовирана на 4 април (петок) во 20 часот. Промоторка на македонското издание на книгата ќе биде Бисера Бендевска. Во продолжение ќе се одржи музички настап со песни од Ѓорѓе Балашевиќ, во изведба на бендот Rumble Acoustic во состав: Трајче Стојанов и Александар Јовановски.

Младата македонска музичка ѕвезда во подем Дина Јашари ќе одржи концерт на 5 април (сабота), во 21 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“. Јашари ќе настапи со музичарите Андреа Мирческа, Драган Теодосиев и Лука Тошев.            

Во недела  (6 април), во 14 часот, со театарската претстава за деца „Магичната флејта на Вулфи“.  Настапуваат: Тина Иванова, Дијана Имери-Илкоска, Дино Имери и Будимка Имери

Програмата продолжува на 8 април (вторник), во 19 часот, со изложбата „Соѕвездие на детските сни“, со илустрации од Ване Костуранов. Мултимедијалниот настан ќе го води  Бисера Бендевска. На 9 април (среда) во 19 часот, ќе се одржи промоцијата на четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“ во издание на „Арс Ламина“. Промоторка на книгата ќе биде Оливера Ќорвезироска.

Наредниот ден (10 април, четврток) во 21 часот на програмата е концерт на „Симеон Ангеловски квартет“ во состав: Симеон Ангеловски, Иван Иванов, Давид Горгиев, Андреј Петровски. На 11 април (петок), во 20 часот ќе биде одиграна монодрамата „Сите најубави нешта“ со Игор Ангелов, во режија на Дејан Пројковски.   

Под наслов „Патување низ звукот на корените“, на 12 април (сабота), во 21 часот ќе се одржи концертот на Зарина Првасевда - македонската артистка и вокална изведувачка, што исполнува македонска и светска традиционална музика.

Во недела  (13 април), во 14 часот ќе биде одиграна театарската претстава за деца  „Себастијан и sвездите“ со Тина Иванова и Дијана Имери-Илкоска.

На Светскиот ден на уметноста, 15 април (вторник), во 19 часот ќе се одржи вечер посветена на уметникот Киро Урдин. На програмата се проекција на документарецот „Планетариум“ и изложба на фотографии и афоризми од Урдин.

Второто издание на „Видик“ ќе биде затворено наредниот ден (16 април, среда) во 20 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, со промоција на сонетниот венец „Часови без часовник“ од Владимир Мартиновски, во издание на „Арс Ламина“. Книгата ќе ја претстават Оливера Ќорвезироска и Анастасија Ѓурчинова. На настанот ќе има поетско читање со Биљана Стојановска и Мартиновски, како и изложба на негови слики кои се дел од оваа книга.

Во продолжение ќе се одржи музичкиот настан „Џез, буки, веди“ на „Јани Костурски квартет“. Во составот настапуваат Јани Костурски, Филип Димишковски, Зоран Павловски и Павел Ренџов, а специјален гостин ќе биде Трајче Велков.

Присуството на музичките и на театарските настани е со влезници и со резервации на 070 391 100. Влезниците се достапни на www.literatura.mk, а наскоро и во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.  

Со секоја влезница следува подарок.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

14.
Mar.
Настани
Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ldqu...
13.
Mar.
Настани
По трет пат, најголемата онлајн-книжарница www.literatura.mk е прогласена за најдобра е-продавница во категоријата уметност, култура, настани и едукација на ...
21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.9 MB