Настани

Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден

14.03.2025.
Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден
Антонио Велковски: Готвачот „Ајде да јадеме“ изобилува со вкусни и здрави посни оброци за секој ден

Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовиран посниот готвач „Ајде да јадеме“ од нутриционистот Антонио Велковски. Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ја претстави промоторката Ана Шутиноска.
Таа истакна дека книгата, наменета за сите што сакаат да се хранат здраво или што постат, содржи 82 вкусни и посни рецепти за секој ден. Ова издание со автентични фотографии и рецепти претставува вистински одраз на посветеноста и љубовта на авторот кон кулинарството.

Книгата е резултат на долгогодишното искуство на Велковски стекнато преку работата со клиенти и комуникацијата со следбениците на социјалните мрежи.
- Готвачот е наменет за секој што сака да се испроба да пости, а се плаши дека ќе биде гладен или дека исхраната ќе му биде здодевна – тоа е првичната намена. Главните пости, божикните и велигденските, се доста долги, а некои луѓе цела година постат по неколку дена во неделата и немаат инспирација за оброци. Сепак, рецептите лесно можат да се преобразат во комбинации со месо, јајце или по некој млечен производ, така што може да им послужат на сите што сакаат во својата исхрана да воведат малку повеќе зеленчук, овошје, јатки, семки, а не знаат како тоа да го направат освен во форма на салата. Од овие причини, готвачот може да се користи преку цела година затоа што изобилува со рецепти за секоја сезона – рече тој.

Велковски изјави дека идејата да подготви посен готвач се родила пред повеќе од една година.
- Неколку години го градам профилот „Ајде да јадеме“ на социјалните медиуми и редовно објавувам идеи за рецепти. Во еден момент, кога изградив многубројна заедница, јас и мојата сопруга (со која заеднички сме вклучени во сите мои проекти) решивме да составиме нешто што на публиката што ме следи ќе ѝ биде од корист. Направивме дигитална збирка рецепти. Интересот беше навистина голем, а добивме и безброј прашања кога ќе издадеме вакво нешто во печатена варијанта за полесна употреба. Од тој момент бевме решени да составиме печатен посен готвач и таа замисла ни се оствари откако издавачката куќа „Арс Ламина“ ни излезе во пресрет – изјави тој.

Кога почнал да ја развива идејата за готвачот, сфатил дека на нашиот пазар недостига готвач исклучиво со посна храна.
- Со оглед на тоа што јас добро бев упатен во комбинациите со посна, односно растителна храна, знаевме дека веќе имаме избор на голем број испробани рецепти што ќе им помогнат на сите оние што постат, за исхраната за време на пости да не им се сведе на јадење ѓеврек, варен компир и чорба од бел грав. Потрагата по рецепти ми разбуди носталгија, посебно кога одново ги открив рецептите што некогаш со голема љубов сум ги готвел, а кои со текот на времето сум заборавил и дека постојат. Собрав над 200 рецепти, од кои во готвачот се најдоа  најприфатливите за нашиот народ - рече тој.

Станува збор за рецепти со состојки што лесно може да се набават на едно пазарење во подобро снабден маркет и на пазар. За поголема варијација има по некој рецепт и со авокадо, тофу, киноа, кокосово масло или зачини кои не се карактеристични за нашата традиционална кујна, меѓутоа, повторно, лесно се достапни на пазарот.
- Редовно работам со клиенти и знам дека речиси никој не сака многу да готви, така што рецептите во најголем дел се многу лесни за подготовка, дури некои се и без готвење! Можеби малку посложени се некои од десертите или рецептите за бургерите, меѓутоа доста добро е објаснета процедурата на подготовка и ако доследно се следи, нема простор за грешка. Всушност и нема како да се згреши, зашто сите рецепти лесно се трансформираат, а за повеќето доволно е само да се знае да се ракува со нож за сечење и да се вклучи шпорет – без никакви скриени трикови.  

За поздравиот начин на исхрана Велковски почнал да се интересира пред 15-ина години кога правел многу експерименти со диети. Вели дека нема диета што не ја испробал, па дури имало периоди кога тоа го „платил“ со нарушено здравје. Сакајќи да ги сподели своите искуства со потрагата по поздрава исхрана, решил да го почне блогот „Ајде да јадеме“. Иако неговиот првичен избор за професија било – професор по книжевност и македонски јазик, интересот за здрава храна го донел до неговата сегашна професија – нутриционист.  
- Професор никогаш не станав, па љубопитноста ја канализирав во друг правец. Со оглед на тоа што долги години се интересирав за исхраната, сакав да почнам попрофесионално да се занимавам, па така се запишав на нов факултет, на отсекот за Нутриционизам на Технолошко-техничкиот факултет во Велес. Иако имав речиси 40 години и немав никакво предзнаење за хемија, анатомија, физиологија, успеав да ги изучам предвидените предмети, на крајот и да магистрирам и од 2020 година да почнам да работам како нутриционист. 

На страниците на книгата „Ајде да јадеме“ ве очекуваат внимателно создадени рецепти за домашно зготвена посна храна – од лесни појадоци и разновидни главни јадења, до ароматични супи, свежи салати и неодоливи десерти. Секој рецепт е совршено балансиран за да ги задоволи вашите вкусови и да придонесе за квалитетен начин на живот. Почнете го ова кулинарско патување и откријте како може секој оброк да стане момент на уживање, инспирација и грижа за себе и за вашите најблиски. Најбитно е што не треба да сте експерт готвач за да ги направите избраните рецепти, бидејќи за многу од нив не е потребно посебно готвење. Оваа книга е особено корисна во периоди на пост, нудејќи лесни и креативни решенија за планирање на оброците, кои ќе ги направат секојдневните јадења едноставни, вкусни и здрави. Во ова издание ќе најдете посни рецепти кои ќе ви покажат дека готвењето вакви оброци може да понуди голема разновидност на комбинации со одбрани растителни производи и делумно со риба.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
690 МКД
11,17 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

25.
Mar.
Настани
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литератур...
13.
Mar.
Настани
По трет пат, најголемата онлајн-книжарница www.literatura.mk е прогласена за најдобра е-продавница во категоријата уметност, култура, настани и едукација на ...
21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.67 MB