Настани

Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

21.11.2024.
Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик
Блага Панева: Со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје“ давам придонес во битката за македонскиот јазик

Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ беше промовирана стручната книга од д-р Блага Панева - „Колоквијалниот изговор во Скопје и влијанието на артикулациjата на гласовите врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма“.


Претставувањето на книгата, која е во издание на „Супрема“, почна со драмска изведба на учениците од V-а одделение при ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје, под менторство на Билјана Денкова, професор по одделенска настава. Тие претставија примери за неправилен и правилен изговор меѓу помладите генерации.
Промоторитна книгата беа проф. д-р Веселинка Лаброска, редовен професор, дописен член на МАНУ, и д-р Александар Маркоски, вонреден професор и активен јавен обвинител.

Ако основната цел во секоја наставна програма по македонски јазик и литература, во сите степени на образованието, е „учениците правилно усно и писмено да се изразуваат“, тогаш грешките што ги прават тие, особено во писменото изразување, упатуваат на потребата од наоѓање начини и форми за подобрување. Поаѓајќи од фактот дека употребата на информатичко-комуникациската технологија влијае врз изговорот и пишувањето кај младите, целта на оваа книга е да го претстави начинот на изразување и пишување кај средношколската младина, притоа посебно обрнувајќи внимание на зачестеноста во правописните грешки, ситуација што е во голема мера недозволива за ученици од повисоките одделенија во основното образование, а уште помалку за ученици од средното образование.

Авторката д-р Блага Панева рече дека многу се радува што во публиката гледа толку ведри лица, што со радост проследуваат промоција посветена на книга за македонскиот јазик.


- Македонскиот јазик е единствено нешто што го имаме и што ни останува на нас, Македонците. Вашите позитивни реакции и поддршката од рецензентите ми разбуди желба да направам нешто плус на ова поле, да го продолжам ова што го почнав со книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ Пишувањето на овој труд за мене беше предизвик, кој го почнав пред 10 години. Всушност, делото е произлезено од мојата докторска дисертација со наслов „Артикулациjата на гласовите и акцентирањето во колоквијалниот изговор во Скопје и нивното влијание врз нарушувањето на правоговорната и правописната норма во наставата (врз база на корпус од говорни и пишани материјали)“, што ја одбранив на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во 2022 година... Направив опсежна анализа на ниво на град Скопје и дојдов до сите овие научни сознанија... Се надевам дека ова дело ќе биде продолжение, мој придонес во битката за македонскиот јазик и за наше величење како Македонци - рече Панева.

Нејзината менторка, а воедно и рецензентка на книгата проф. д-р Веселинка Лаброска истакна дека во публикацијата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ се обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото влијание врз нормата. Во делото се опфатени: Македонскиот јазик во основното образование со посебен акцент на програмското подрачје јазик; Анализа на гласовните промени во писмените текстови; Консонантски групи во почетна, медијална и финална позиција; Финални согледувања од анализите и насоки за подобрување. Изданието е заокружено со прилози и резиме на македонски и англиски јазик, како и список на богата користена литература.
- Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ претставува една мошне значајна монографија, неопходна за сите чинители од сферата на медиумскиот простор, образовниот процес во наставата по македонски јазик и на македонски јазик. Оваа книга во иднина би требало да биде основна литература по македонски јазик и затоа со задоволство ја препорачуваме за печатење – рече проф. д-р Лаброска.

Д-р Александар Маркоски откри дека тој бил ученик на Панева во средношколските денови, и дека ова дело исклучително е посветено на констелацијата помеѓу колоквијалниот скопски говор и стандардизираниот македонски јазик, како и на надминувањето на практичните проблеми кои произлегуваат од оваа констелација во комуникацијата на македонски јазик во наставата по предметот Македонски јазик во основните училишта и во медиумите
- Трудот логички и систематски го следи колоквијалниот скопски говор кај најмладите и неоспорното влијание од медиумите врз начинот на изговор и пишување. Делот посветен на практичните проблеми кон усвојувањето на нормата, поради нивната масовност, повикува на ургентно создавање на практикуми за наставниците, но и за спикерите, новинарите и други со определени јазични вежби, но и на изработка на еден пообемен ортоепски прирачник којшто во моментот е навистина неопходен за вистинска имплементација на нормата на македонскиот стандарден јазик. Сметам дека се работи за модерно конципиран, темелно и квалитетно изработен труд кој има не само теоретско, туку и апликативно-дидактичко значење за успешна реализација на содржините по наставниот предмет Македонски јазик во основното и средното образование и ќе биде интересно четиво не само за стручната лингвистичка јавност, туку и за пошироката јавност - рече д-р Маркоски.
 
Aвторката д-р Блага Панева е родена во 1963 година, во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Од 1989 до 2002 година работи како професор/наставник по македонски јазик и литература во средните училишта во Скопје „Лазар Танев“, „Гоце Делчев“, „Владо Тасевски“ и „Никола Карев“ и во ОУ „Васил Главинов“ во Велес. Од 2002 година до денес работи како советник во Бирото за развој на образованието во Скопје. Има објавено повеќе научни и стручни трудови.

Книгата „Колоквијалниот изговор во Скопје...“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
19.
Oct.
Настани
Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ld...
14.
Oct.
Настани
Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, н...
09.
Oct.
Настани
Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое ...
07.
Sep.
Настани
Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот,  во „Литература.мк&...
07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.59 MB