Настани

Завршна изложба за проектот „Порта Европа“ во склоп на фестивалот „Видик'

31.05.2024.
Завршна изложба за проектот „Порта Европа“ во склоп на фестивалот „Видик'
Завршна изложба за проектот „Порта Европа“ во склоп на фестивалот „Видик'

Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, издавачката куќа „Арс Ламина“ вчеравечер (30 мај), во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“, го заокружи проектот „Порта Европа“. На настанот, кој беше во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, беа претставени сите фази на проектот: победничките креативни решенија на кориците и избор од тие што влегоа во потесен избор на конкурсот, реализираните активности, постери, како и разделници за книги на рачно изработена хартија. Книжевната едиција „Порта Европа“ е сочинета од шест извонредни прозни остварувања од млади европски автори, добитници на Европската награда за книжевност, преведени на македонски јазик од најдобрите преведувачи во Македонија.

На средбата беше истакнато дека, иако со овој настан се означува финалето на овој амбициозен проект, кој „Арс Ламина“ го развиваше две и пол години, тој ќе продолжи да живее и да ја шири својата благородна мисија преку книгите од истоимената едиција и преку читателите.

– Особено сме горди на овој проект, затоа што преку него промовираме и ќе продолжиме да промовираме високи книжевни вредности и професионални преводи на македонски јазик, да ги поттикнуваме и да ги промовираме младите креативци, да ја подигнуваме свеста за еколошките практики во книгоиздателството, да ги едуцираме учениците за важноста да се дејствува совесно во и кон животната средина, да ги поддржуваме малите бизниси чијашто дејност е поврзана со еден вид конзервирање на наследени традиции во процесот на производство на хартија и печатарски методи. Сето наведено погоре беше дел од реализацијата на концептот за проектот „Порта Европа“, во кој Европската унија препозна позитивен пристап со далекосежно влијание во заедницата. Затоа одлучи да го поддржи проектот „Порта Европа“ и да ја помогне неговата реализација – истакнуваат од „Арс Ламина“.

Кога се градела идејата за проектот, портите на светот сè уште не беа сосем отворени за новиот живот по непредвидената борба со вирусот Ковид-19. Преку оваа едиција, „Арс Ламина“ ги пречека и ги вдоми во огништето на македонскиот јазик, шесте извонредни книжевни дела од европски автори, кои зачекорија во македонскиот книжевен контекст со својот најпретставителен патен документ – Европската награда за книжевност што ја доделува Европската унија.

За преводот на македонски јазик на сите шест книги од едицијата беа ангажирани угледни и докажани преведувачи што ги изработија преводите на високопрофесионално ниво од изворниот јазик на оригиналните дела. Станува збор за преведувачите: Искра Бадева [превод од дански и од норвешки јазик на романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ од Бјорн Расмусен и „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“], Ермис Лафазановски (превод од романски јазик на романот „Градина од стакло“ од Татјана Цибуљак), Дејан Василевски (превод од хрватски јазик на расказите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ од Маша Колановиќ), Ксенија Чочкова (превод од германски јазик на романот „Приказна за духовите“) и Весела Моловска (превод од португалски јазик на романот „Лекцијата на месечарот“ од Фредерико Педреира).

Прва активност при реализацијата на проектот „Порта Европа“ беше конкурсот за млади и домашни дизајнери и уметници во подем, кои требаше да понудат идејни решенија за кориците за шесте книги од едицијата „Порта Европа“. На конкурсот се пријавија осумнаесетмина дизајнери, кои понудија едно или повеќе решенија за корици. Пристигнатите предлози ги оценуваше компетентна и стручна жири-комисија, која ги избра дизајните што беа претставени на изложбата. На конкурсот беа избрани идејните решенија на: Катерина Соколова (за романите „Кожата е еластичната обвивка што го опфаќа целото тело“ и „Лекцијата на месечарот“), Ивона Јанчевска [за расказите „Почитувани бубачки и други морничави приказни“ и за романот „Книга за тагата (Приказна за Нилс во шумата)“], Лара Маринковиќ (за романот „Приказна за духовите“) и Андреј Лавчански (за романот „Градина од стакло“).

– Секоја од шесте книги од „Порта Европа“ се изработени од ФСЦ сертифицирана хартија, што подразбира стандард за еколошки одговорно, општествено корисно и економски одржливо управување со шумските ресурси. Книгата е медиум што преживеал и времиња и невремиња низ историјата на човештвото и сè уште одолева на заканите за нејзиното исчезнување како физички артефакт. Особено во денешната дигитална ера, кога и самото читање како глагол доживува трансформација. Сепак, се чини дека тактилната навика и потреба на луѓето нема да ја заменат набрзо новите формати, затоа човештвото најде начин како помалку да ѝ наштетува на природата за производство на книги, а тоа е токму посочениот стандард што има широка примена низ целиот свет. И „Арс Ламина“ е дел од светскиот тренд – рекоа од издавачката куќа.

„Арс Ламина“, исто така, организираше и спроведе две едукативни посети за основци, и тоа во печатницата „Бранко Гапо“ и во Националната работилница за рачна изработка на хартија во Охрид.

Проектот „Порта Европа“ е кофинансиран од Европската унија.

Настанот „Поглед кон Порта Европа“ е дел од првото издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“, кој е во организација на „Литература.мк“. Издавачката куќа „Арс Ламина“ е партнер за книжевната програма на „Видик“. Со иновативен спој на повеќе области на културата, новиот фестивал „Видик“, кој е во организација на „Литература.мк“, отвора нови културни видици. Од 16 мај до 16 јуни, во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, се одржуваат дваесетина настани, кои ги обединуваат литературата, музиката, театарот, дизајнот и филмот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. Во првите две фестивалски недели се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба на илустрации и друго. Во исто, темпо продолжува богатата програма на фестивалот за литература и општа култура, кој на публиката ѝ нуди квалитетна содржина и непосреден контакт со најактуелните автори и проекти.

   

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
240 МКД
3,88 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
240 МКД
3,88 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
19.
Oct.
Настани
Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ld...
14.
Oct.
Настани
Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, н...
09.
Oct.
Настани
Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое ...
07.
Sep.
Настани
Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот,  во „Литература.мк&...
07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 9.03 MB