Настани

Никола Николиќ: „Атакама“ е книжевна метафора за пустините во сите нас

22.05.2024.
Никола Николиќ: „Атакама“ е книжевна метафора за пустините во сите нас
Никола Николиќ: „Атакама“ е книжевна метафора за пустините во сите нас

Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица „Македонија“, беше промовирана збирката раскази „Атакама“ од црногорскиот автор Никола Николиќ. Книгата, која е дел од едицијата „Литера модерна“, во издание на „Арс Ламина“, од црногорски јазик ја преведе Дејан Василевски.

Промоторка на ова издание беше писателката Румена Бужаровска, а во улога на модераторка беше уредничката Оливера Ќорвезироска.

„Атакама“ е збирка од петнаесет покуси и подолги раскази, длабоко нурнати во современите појави и проблеми на црногорското, но и на поширокото општество на нашето време. Николиќ ги осветлува темнините за кои обично се молчи, директно и крајно отворено. Пишува за самоубиство, за прерани болести, за сложени семејни и љубовни врски, но и за тоталитаризмот и за судирот на различните култури. Иако се вика „Атакама“, како чилеанската пустина – едно од најсушните места на светот, збирката на Николиќ бескомпромисно го опфаќа црногорското милје, метафорично потпирајќи се на пустините и сушите во сите нас, на нашите лични, помалку или повеќе скришни „атаками“.

 

– Атакама е симбол за две крајни ситуации во кои можат да се најдат луѓето. Расказот „Атакама“, по кој е именувана и збирката, го напишав меѓу првите. Настана откако го погледнав документарното ремек-дело на чилеанскиот филмаџија Патрицио Гузман „Носталгија де ла луз“, во кое се прикажуваат допирот и комуникацијата на две крајности, две потраги – едната по нови форми на живот, а другата – барање на остатоците од жртвите на диктатурата, расеани во пустината. Во расказот се обидов да ја отсликам националната трагедија над која, сепак, се издигнува надежта: жените бараат коски, остатоците од нивните сакани, во сенка на огромните телескопи на астрономите, кои се во потрага по нов живот. Едни бараат доказ (знак) за смртта, а другите за живот. Во мојата приказна се обидов да ги спојам двете крајности, па така астрономот ѝ помага на една жена да го пронајде мртвото тело на својот син. Дистанцата само навидум е непремостлива, всушност солидарноста меѓу луѓето е мостот, а желбата за живот, заеднички двигател. Приказните од „Атакама“, особено од централниот дел наречен „Хоризонти“, со некои модификации, би можеле да се случат секогаш и секаде на нашата планета. Сѐ што е видливо со голо око е предмет на еволуција и диференцијација. Чувствата, суштинските, она што го гради човекот однатре – се еднакви по природа, каде и да се замислат – рече Николиќ, кој по професија е новинар, и вели дека вистинските приказни често го инспирираат за неговите книжевни дела.

 

Бужаровска посочи дека реалните политички теми често се инспирација на Николиќ, тој и во секојдневието се интересира и е информиран за актуелните политички случувања. Тоа се забележува и во неговите дела, а видливо е и во носечкиот расказ „Атакама“.

 

Николиќ (1989) истакна дека поезијата е најсовршена форма за изразување, но преферира да пишува кратки и долги прозни дела. Иако досега има објавено три романи: „Јазол“ (Čvor, 2011), „Меандра“ (Meandar, 2014) и „Сирени за тревога“ (Sirene za uzbunu, 2019), сепак вели дека расказите му се подрага форма за пишување.

Покрај „Атакама“ (во Црна Гора објавен во 2016 година), ја има објавено и збирката „Исечете ги високите дрвја“ (Posijecite visoko drveće, 2023).

Коавтор е на книгата „2020“ (дневнички записи), со уште петмина автори од екс-ју земјите, објавена во Загреб, Белград и во Скопје. Добитник е на наградата „Бихорска Венера“ за краток расказ. Расказите му се преведувани на албански, англиски, италијански, германски и на македонски јазик. Збирката раскази „Атакама“ е преведена и на италијански јазик (2023).

 

Денеска (22 мај), програмата на „Видик“ продолжува со тематскиот интерактивен настан за фанови, „Враќањето на Шерлок Холмс“, што ќе се одржи во 19 часот, во „Литература.мк“, „Сити мол“. На настанот, организиран во чест на денот на раѓањето на сер Артур Конан Дојл (22 мај 1859 – 7 јули 1930), автор на серијалот за славниот детектив Шерлок Холмс, ќе биде претставена едицијата „Шерлок Холмс“ во издание на „Арс Ламина“, која содржи девет новопреведени наслови („Студија во скарлетна боја“, „Знакот на четворката“, „Баскервилскиот пес“, „Долина на стравот“, „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Мемоарите на Шерлок Холмс“, „Враќањето на Шерлок Холмс“, „Пред да падне завесата“, „Архивата на Шерлок Холмс“), кои имаат нов дизајн на корици од илустраторката Александра Софрониевска, која ќе биде дел од настанот. Исто така, ќе биде претставен и серијалот „Шерлок Холмс за деца“ – со десет книги за генијалниот детектив, адаптирани за најмладите читатели.

Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, на 23 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, ќе ја изведе својата монодрама „Железно небо“, од која произлезе и неговата прва книга со ист назив во издание на „Арс Ламина“. Со театарската изведба тој ќе ја промовира книгата, со која дебитира во книжевниот свет.

Во чест на Денот на сесловенските просветители – светите Кирил и Методиј (24 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“, „Дајмонд“, ќе се одржи настанот „Џез на кирилица“, со еден од најнадежните македонски џез-состави „Мојра“. Групата настапува во состав: Јасна Трпкова, Дарко Јованов, Зоран Павлоски, Павел Ренџов и Петар Христов. На истата локација на 27 мај (понеделник), во 20 часот, ќе се одржи фанк-вечер, со проекција на документарец и настап на диџеј Џорџ Цветковски.

Целосната програма можете да ја проследите на следниот линк:

https://www.literatura.mk/vidik

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.78 MB