Настани

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

13.05.2024.
„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура
„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Со промоција на наградуваното дело „Коњски житија“ на поетот, преведувач и универзитетски професор Зоран Анчевски, на 16 мај (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе почне првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура.

Фестивалот во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот, давајќи значајна поддршка на авторите од сите области на културата. Со дваесетина настани, кои ќе се одржуваат во книжарниците на „Литература.мк“ на улица „Македонија“, во „Дајмонд“, „Ист гејт“ и „Скопје сити мол“, на публиката ќе ѝ се понуди квалитетна содржина и непосреден контакт со најактуелните домашни и регионални автори и проекти од областа на културата. На програмата се промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарски изведби, изложби на слики и илустрации, проекции на документарци и мултимедијални презентации.

Првиот фестивалски ден почнува со лирска фузија на поезијата и музиката: преку претставување на поемата „Коњски житија“, чиј промотор ќе биде Венко Андоновски, а настанот ќе го модерира Оливера Ќорвезироска, како и концерт на скопскиот состав „Акварела“ (Aquarela), што ќе ги изведе најубавите боса нова стандарди.

На вториот фестивалски ден (17 мај, петок), во 21 часот во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, концерт ќе одржи џез-музичарот Михаил Мишко Парушев со својот состав „Парусион груп“.

Програмата на „Видик“ продолжува во понеделник (20 мај), со промоција на хибридно-инклузивната сликовница на кирилско писмо и на Брајова азбука „Шарени ириси“, со текст на Јована Матевска Атанасова и илустрации на Симонида Филипова Китановска.Фестивалот ќе продолжи со богата програма исполнета со низа книжевни, музички, театарски и мултимедијални настани. Сѐ до 16 јуни ќе уживаме во свежа и динамична атмосфера во амбиентот на „Литература.мк“, која ќе комбинира литературни промоции, изложби, концерти и театарски изведби и ќе ги задоволи разновидните вкусови и интереси.

Целосната програма во продолжение:

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

25.
Mar.
Настани
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литератур...
14.
Mar.
Настани
Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ldqu...
13.
Mar.
Настани
По трет пат, најголемата онлајн-книжарница www.literatura.mk е прогласена за најдобра е-продавница во категоријата уметност, култура, настани и едукација на ...
21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.86 MB