Настани

Промоција на големата книга „Нови бајки од Македонија“ со 24 современи бајки

10.05.2024.
Промоција на големата книга „Нови бајки од Македонија“ со 24 современи бајки
Промоција на големата книга „Нови бајки од Македонија“ со 24 современи бајки

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, ќе биде промовирана на 13 мај (понеделник), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

На настанот ќе се обратат Ангелка Пеева-Лауренчиќ, член на Управниот одбор и основач на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“, Бранка Бугариска, директорка на издаваштво на „Арс Ламина“, уредничката на книгата Оливера Ќорвезироска и илустраторот Орце Нинески.

„Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи, авторски бајки, кои го збогатуваат омилениот жанр на децата. Некои од нив се случуваат и во наше време, на наши предели и со препознатливи ликови од нашето опкружување, со што уште повеќе им се приближуваат на малите големи читатели. „Нови бајки од Македонија“ го вдомуваат светот на бајките со коишто сме пораснати во македонскиот јазик. Тие истовремено и го развиваат авторскиот глас произлезен од најубавата традиција на раскажувањето.

Станува збор за новата, голема книга со 24 бајки, од 23 автори, кои беа селектирани за најдобри или влегоа во потесниот избор на конкурсот „Нови бајки од Македонија“ од 2020 година и кои беа објавени изминатите години како посебни сликовници или беа дел од книгата „Детелинки-белинки“. Новото издание е збогатено со нови, раскошни илустрации, кои ги нацрта Орце Нинески.

„Нови бајки од Македонија“ ги обединува сликовниците „Перуника“ од Сибо, „Бакнежот на пролетта“ од Елизабета Баковска, „Сончевото момче Ил“ од Катерина Данаилова, „Осаменото дрво“ од Нина Максимова, „Океанија“ од Мартин Миљев, „Луѓето и змејовите“ од Владо Јаневски, „Детето на месечината“ од Јана Глигороска и „Зелда и Фе и болниот змеј“ од Катерина Трајановска, како и бајките од читанката „Детелинки белинки“: „Авантурите на едно мракче“ од Билјана Станковска, „Во земјата на белите облачиња“ од Владо Димовски, „Приказната за Вин“ од Анета Ристеска, „Часовникот на Симон“ од Клементина Петрушевска, „Детелинки-белинки“ од Мартина Дукоска, „Бајка за Нова година“ од Светлана Дарудова, „Зелената кралица“ од Анита Димовска, „Змејот од Пелистер“ од Биљана Стојановска, „Горделивата жирафа“ од Ана Ѓорѓевиќ, „Волкот Пук“ од Марија Ралповска, „Волшебен лет“ од Мимоза Тодоровска, „Папагалот и кучето“ од Владо Јаневски, „Mагијата на другарството“ од Алма Растодер, „Не е добро да се лаже“ од Ана Гаштарова, „Јагулата и рибарот Климе“ од Анастасија Илиевска и „Авантурите на Tрепколетка“ од Весна Кираџиева.

Во книгата е вклучен и речник на помалку познати зборови.

 

Книгата ќе биде достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.92 MB