Настани

Промоција на „Има ли и страна петта?“ од Васил Мукаетов во „Литература.мк“

04.04.2024.
Промоција на „Има ли и страна петта?“ од Васил Мукаетов во „Литература.мк“
Промоција на „Има ли и страна петта?“ од Васил Мукаетов во „Литература.мк“

Новата книга „Има ли и страна петта?“ на еден од најплодните македонски писатели за деца, Васил Мукаетов, ќе биде промовирана денес, на 4 април (четврток), во 18.30 часот, во „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Промотори ќе бидат Татјана Димовска-Атанасова, уредничка во „Арс Ламина“ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

На книжевниот настан со наслов „Васил Мукаетов на страната на децата“ ќе бидат претставени и уште пет други, понови публикации за најмладите читатели од авторот: „Чукни, чукни трипати“, „Мариовски сказни – Пејови приказни“, „Од згода до згода, заграб бистра вода“, „Што е, а што не е?“ и „Ај погоди!“ Станува збор за читанки, збирки поезија, гатанки и раскази, кои се во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Стихозбирката „Има ли и страна петта?“ содржи весели и духовити песни за шарениот, љубопитен и разигран свет на децата. Преку веселите стихови, ова дело го носи читателот на потрага по петтата страна на светот. А таа е каде, ако не каде што има деца.

Децата сакаат изненадувања, возбудувања, насмевнувања во секој сегмент од нивниот живот – секаде каде што ќе ги сретнеш, дома, на игралиштата, со другарите. Во училниците, во училишните дворови. Со велосипедите по сообраќајниците. Меѓу излетниците. Во камповите првпат сами на летување – значи пораснати. Во библиотеките, книжарниците, слаткарниците. Во театарските, игроорните дружини. И на детските сцени. На балетските часови. Наградени на математички, литературни, ликовни натпревари и на фестивалите. Дома и во странство. Дури и на билборди. Ете, со стиховите во оваа книга ја побаруваме и петтата страна. На детството. На адресите: „Сите деца се исти, за петки и игри специјалисти“. Потоа, „Денот е убав кога помагаш и кога си другар“. Потсетуваме – „Децата имаат светски права, да ли доволно се знаат?“

„Има ли и страна петта?“ на полиците на „Литература.мк“ им се придружува на уште неколку нови изданија, кои ќе бидат дел од промотивниот настан. Меѓу нив е збирката песни „Чукни, чукни трипати“, која содржи духовити стихови од детското секојдневие. „Што е, а што не е?“ и „Од згода до згода, заграб бистра вода“ се инспирирани од творештвото на Марко Цепенков, кој има собрано повеќе од 5.000 народни поговорки, пословици, легенди и народни приказни, а минатата година се одбележаа сто години од неговото творештво. Додека „Ај погоди!“ е дело во кое се бара и вклученост на самото дете со тоа што ќе ја доврши веќе почнатата песничка од авторот Мукаетов. Книгата „Мариовски сказни – Пејови приказни“, пак, е збирка поезија за деца базирана на шеговитите народни приказни за најпопуларниот јунак на народното усно раскажување Итар Пејо.

Васил Мукаетов е еден од најактивните македонски автори за деца, кој неуморно твори и во деветтата деценија од својот живот. Со своите читатели другарува уште од шеесеттите години на минатиот век, преку тогашните списанија „Титов пионер“, „Другарче“, „Нова Македонија“ – „Колибри“, „Развигор“ и „Другарче“, сè до денешните „Ѕвезди“, „Прв детски клик“ и „Детски клик“. Објавува и во литературните ревии и списанија – „Стожер“, „Слово“, „Бранување“.

Застапуван е во повеќе учебници по македонски јазик и литература за основното образование. Член е на Друштвото на писатели.

Негови позначајни дела се: „Ти реков ми рече“ (1995), „Ние дома“ (2003), „Поглед со двоглед“ (2005), „Што е, што не е“ (2011), „Ај погоди“ (2011), „Да нацртаме другар“ (2013), „Колку да се рече – записи“ (2014), „Кој кого расте?“ (2013), „По зелени раеви – слезови и чаеви“ (2016), „Децата можат сè“ (2016), „Скокни – прескокни“ (2017), „Ние по тротоари, булевари“ (2019), „Чукни, чукни трипати“, „И да и не“ (2018), „Сè е игротека“ (2018) и други. Добитник е на наградата на ДПМ – „Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца во 2017 година за „Скокни – прескокни“.

 

Книгите од Васил Мукаетов се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
200 МКД
3,24 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
290 МКД
4,69 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Feb.
Настани
„Речиси сè во врска со Никола Маџиров е поезија. Така тој се однесува и кон пишувањето есеи. За него, пишувањето есеи е само една нова форма на ...
19.
Feb.
Настани
Познатата анегдота поврзана со славниот писател Франц Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за новата уникатна сликовница „Дев...
13.
Feb.
Настани
„Неочекувано“ е насловот на дебитантскиот роман на авторката Ана Мовска, кој беше промовиран вчеравечер (12 февруари) во „Литература.мк&ldq...
12.
Feb.
Настани
Во присуство на хероини од сите генерации и претставници од семејствата на силните жени што веќе не се меѓу нас, вчеравечер (11 февруари) во „Литератур...
08.
Feb.
Настани
Во присуство на многубројни гости во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, вчеравечер (7 февруари) беа промовирани  кни...
04.
Feb.
Настани
Петтото издание на „Денови на литературата“ ќе се одржи од 7 до 23 февруари во сите книжарници на „Литература.мк“.
05.
Dec.
Настани
Новата биографска книга „Јован Спасеновски-Џагула - херој и инспирација за спортисти и за неспортисти“, од авторот Васко Марковски ќе биде промов...
21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
04.
Nov.
Настани
Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.91 MB